Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеад Кочан денеска ќе се соочи со доказите за „Труст“

0
By Нова ТВ on November 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 21, 2017 09:14

Во скопскиот Криичен суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство  „Труст“ и „Триста“.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.

За денеска е закажано изведување на доказите. На последното рочиште пред една недела обвинителите на СЈО го изложија обвинението и побараа од Судот врз основа на приложените докази обвинетите да бида прогласени за виновни. Сеад Кочан, пак, се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство, а вина пред Судот негираа и второобвинетиот Василије Авировиќ и третообвинетиот Сафет Ватиќ.

Обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски, образложи дека дека обвинетите Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ“ и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман. Според доказите што ќе ги презентира СЈО, наведе Бубевски, ќе се докаже дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција и се изиграни правилата на јавните набавки.

Одбраната на обвинетите смета дека тие се неосновано обвинети, дека доказите и вештачењето приложени од СЈО се нерелевантни и оти околу овој случај се крева „медиумска фама“.

 

Ѓоко Поповски Сеад Кочан судење Триста Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.