Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеад Кочан: Не се сеќавам дека сум донирал за кампања на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on December 16, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: libertas.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 16, 2019 14:53

На денешното рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ беа сослушани сведоци за тоа дали и како донирале средатва и услуги за политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. На предлог на обвинителството денеска како прв сведок беше сослушан Сеад Кочан, кој во 2011 година бил управител на фирмата „Трансмет”, кој рече дека не се сеќава, но мисли дека никогаш нема донирано лично средства за ниту една партија, па ниту за ВМРО-ДПМНЕ. Прашан дали „Трансмет” донирала на ВМРО-ДПМНЕ, тој одговори дека фирмата никогаш не донирала средства на таа политичка партија.

Втор беше сослушан сведокот Здравко Кочишки, сопственик на фирма за изнајмување на аудио и визуелна опрема за настани, кој рече дека за изнајмување на ваква опрема во 2011 година не и фактурирале на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, но по проверка со обвинителство било утврдено дека неговата фирма фактурирала за услуги на компанијата „Трансмет”.

„Ние работиме со сите политички партии. Сме изнајмувале за помали настани и митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и за поголем дел од кампањата на СДСМ. Со ВМРО-ДПМНЕ не сме имале договори за големи митинзи. Нашата фирма годишно прави 150 до 170 тури и навистина не можам да се сетам за 2011 година“, рече сведокот.

 

Прашан како им било платено за изнајмената опрема на ВМРО-ДПМНЕ, сведокот рече дека не може да се сети за нешто пред девет години.

„Според анализите направени во фирма, нема издадено фактура на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави сведокот Кочишки.

Прашан на кого ги фактурирале овие настани, сведокот рече дека тој лично не фактурирал, туку како управител само кажувал каде да фактурираат и дека најверојатно се јавил и ги пренел дадените инструкции.

„Во консултација со вашите луѓе кога дојдоа кај нас во фирма и при проверка дали сме фактурирале на фирма „Трансмет“, испадна дека сме фактурирале“, изјави сведокот Кочишки.

На прашање од одбраната како фактурирале за изнајмената опрема на СДСМ директно или преку трети фирми, сведокот рече дека не се сеќава. На денешното рочиште требаше да биде сослушан и сведокот Логин Кочишки, но не беше обезбедено негово присуство.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

„Титаник“ ВМРО ДПМНЕ донации Сеад Кочан Трансмет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026

Амбасадор на Иран во Русија: Планот на Трамп не успеа

March 17, 2026
ФОКУС
March 26, 2026Updated:March 26, 2026

Петмина  уапсени за дојавите за бомби во тетовските училишта – само еден е полнолетен

ВЕСТИ March 26, 2026

Тројца малолетни жители на Тетово и околината денеска се уапсени под сомнение дека биле вмешани…

Техеран го отфрла планот на Трамп – има свои услови

March 26, 2026

Иран тврди дека е погоден американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

March 25, 2026

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

March 23, 2026
ТИКЕР

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026

Амбасадор на Иран во Русија: Планот на Трамп не успеа

March 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.