Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Себастиjан Курц однесе победа на австриските парламентарни избори

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 15, 2017 18:59

Според првите проценки на австриската национална телевизија младиот 31-годишен Себастијан Курц победи на парламентарните избори во Австрија.

Тој најверојатно ќе биде новиот австриски премиер и најмладиот премиер во Европа. А со тоа и десницата се враќа на власт во оваа земја. Но за да може Курц да седне во премиерската фотелја најверојатно ќе треба да влезе во коалиција со екстремната десница на Хајнц-Кристијан Страше.

Партијата на Курц освоила 30.2 отсто гласови а на второ место е екстремната десница ФПО со 26.8 отсто гласови. Социјалистите на Кристиан Керн добиле 26.3 отсто гласови.

Курц досега не исклучи ниту една опција за коалиција па така коалицијата со ФПО се смета за најверојатна.

Да потсетиме дека екстремно десната партија, на чело со Јерг Хајдер, влезе во австриската влада во 2000 година со канцеларот Волфганг Шисел. Оваа одлука донесе бран критики во ЕУ која воведе санкции за Австрија.

За влезот екстремната десница во австриската влада во 2000 година тогашниот белгиски министер за надворешни работи Луи Мишел изјави дека нема да оди на скијање во Австрија се додека екстремната десница е во владата.

Но денес, во повеќе европски земји во парламентите влегоа екстремни и популистички партии па сега не може да се очекува ваков став од ЕУ кон Австрија.

Курц успеа да мобилизира големо гласачко тело со неговиот анти-мигрантски став а помеѓу нив и гласачи на екстремната десница.

Курц стана министер за надворешни работи во 2013 година а во 2015 година почна остро да ја критикува политиката на прием на мигранти во Германија. Тој се смета за заслужен за затворањето на балканската рута за мигрантите. Неговите посети во Македонија во тоа време беа доста чести. Тој и даваше поддршка на ВМРО-ДПМНЕ а присуствуваше и на митинзите на оваа партија пред ланските избори.

Курц ја присвои политиката на екстремната десница до мерка која му донесе критики од оваа партија која тврдеше дека Курц направил плагијат.

Резултатот на Хајнц-Кристијан Страше е повторување на успехот на Јерг Хајдер од 1999 година. Тој изјави дека ќе бара повеќе клучни министерства како надворешни и внатрешни работи.

Конзервативниот австриски весник Стандард предупредува дека Страше како партнер во владата не била добра одлука и дека би донела повторно многу критики во ЕУ. Но, прашање е дали Курц ќе има избор, додава весникот.

Повеќе мали партии како зелените и либералите влегуваат во парламентот но, според досегашните проценки по изборите, тие нема да можат да бидат алтернатива за ФПО за Страше.

Австрија екстремна десница парламентарни избори Себастиан Курц Хајнс-Кристиан Страше
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.