Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седлоски поднесе оставка во Вардар: Не сум навикнат да губам

0
By Нова ТВ on August 15, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По најавата за повлекување на Сергеј Самсоненко, се повлече и Гоце Седлоски. Тренерот на Вардар поднесе оставка пред најважниот меч на „црвено-црните“ во последните десетина години – дуелот со Фенербахче во плеј-офот за УЕФА Европа лигата. Таквата своја одлука ја образложи со двата последни пораза од Копенхаген во Данска што значеше и елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампиони и од Шкендија во воведното коло од новата сезона во домашното фудбалско првенство.

„Се повлекувам за доброто на сите во клубот. Со ваква мисла бев по елиминацијата од Копехнаген во Лигата на шампиони, но собрав сили да го предводам Вардар и на стартот во домашното првенство. Два дена по поразот од Шкендија размислував што понатаму и денека донесов одлука. Тие два пораза многу ме погодија, а јас како човек не сум научен да губам. И не само јас туку и Вардар не е научен на порази“, стои во дописот до јавноста што е потпишан од поранешниот репрезентативец на Македонија и, сега веќе, екс менаџер на вардарци.

Гоце Седлоски беше на кормилото на Вардар од 2015 година по едногодишното извршување на функцијата спортски директор на „црвено-црните“. Претходно беше тренер на Хоризонт Турново во првото самостоен ангажман во неговата тренерска кариера. Во 2012 година ја предводеше и фудбалската репрезентација на Македонија како в.д. селектор во пријателскиот дуел против Литванија (1:0) на 15 август во 2012 година.

„Горд сум на постигнатото. Во две години освоивме две титули, го елиминиравме Малме во квалификациите за Лигата на шампиони и успеавме да го совладаме Копенхаген на домашен терен. Жалам, но дојде време да се разделиме. Благодарност до играчите, до управата и со Сергеј Самсоненко за поддршката што ја имав во сиот изминат период. На клубот му посакувам многу среќа во двомечот со Фенербахче во плеј-офот за Лига Европа и во домашното првенство“, дополни Седлоски кој од 1996 година до 2010 година одигра 100 натпревари за националниот тим и постигна осум гола.

Вардарци пред првиот плеј-оф дуел со Фенербахче се збогувааа и со Џонатан Боарето кој кариерата ја продолжува во Катар во екипата на Ал Гарафа. Во меѓувреме на шампионот му се приклучија Мустафа Куајнор, интернационалец од Гана, и бразилскиот напаѓач, Итало Хозе Оливеира дош Сантош.

Вардар Гоце Седлоски оставка фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.