Седум лица загинаа, од кои пет се деца, во пожар во двокатна станбена зграда што се случи утрово во Ростов, Русија, јави руската агенција „ТАСС“.
Според податоци на Министерството за вонредни состојби, покривот на зградата со површина од 600 метри квадратни целосно е изгорен.
Покрената е истрага за причините за пожарот, а како што се наведува поднесена е една кривична пријава.