Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Села: Ме следеше новинарка и ми рече: „Ќе видите што ќе ви се случи“

0
By Нова ТВ on February 19, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: ТВ21
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот Зијадин Села во денешното сведочење за обидот за убиство од 27 април рече дека за цело време додека се движел во Собранието пред нападот, го следела како што рече новинарка која го снимала и која го предупредила: „Сега ќе видите што ќе ви се случи“.

Тој рече дека во нејзина близина секогаш бил еден од напаѓачите, кој носел фантомка на главата и маица со број 6.

-Уште пред да влезе толпата, внатре со Рушити и Мемеди зборевме дали да се качиме во канцеларија или да одиме во прес салата. Кога тргнавме кон кацеларија пред нас застана „новинарката“, односно не знам што е точно по професија, инаку таа е личноста која цело време ме снимаше. Ми рече: „Никаде нема да одите, сега ќе видите што ќе ви се случи“, потсети Села и како што додаде него не му дозволувала културата да ја тргне од патот, па во тој момент се вратиле и влегле во прес салата.

На почетокот од сведочењето, Села рече дека за време на насилствата во Собранието бил удиран во главата со монитор, копје од знаме и со даска.

-Кога ги добив ударите од мониторот, копјето и даската без зашеметен и дезориентиран и не се сеќавам на се. Кога се повлекоа пратениците останав сам без одбрана, обезбедувањето се обидуваше да го одбрани Заев. Никој во толпата не се обиде да ми помогне мене. Ако ми помогнеше некој тогаш, ќе бев испратен со цвеќиња и аплауз, а не со тешки повреди, рече Села во сведочењето.

 

новинарка предупредување сведочење Села
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.