Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Села: Наш предлог беше избори на 26 јули

0
By Нова ТВ on May 18, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: insajderi.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 18, 2020 17:09

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села истакна дека на денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски го предложил 26 јули како датум за одржување на предвремените парламентарни избори, став што бил поддржан и од првиот човек на „Алтернатива, Африм Гаши.

Зијадин Села посочи дека Комисијата за заразни болести истакнала оти ситуацијата со пандемијата се подобрува, но оти постои висока опасност за здравјето на граѓаните. ДИК, пак, посочил дека не може да ги спроведе изборите во рок од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, а ОБСЕ и ОДИХР потенцирале дека тие можат да учествувват со набљудувачи на изборите, но прво треба да се определи датумот при што треба да се имаат во предвид здравствените протоколи и протоколите за границите.

„Токму затоа нашиот предлог за одржување на изборите е 26 јули зашто ќе биде период на прогласување на победа над коронавирусот и ќе биде помалку ризично за граѓаните, а ќе бидат отворени и границите и ќе има можност за присуство на меѓународна наблудувачка мисија на изборите. Воедно ДИК ќе има можност да ги изготви списоците за граѓаните кои во тој момент наполниле 18 години да имаат право да изберат и да бидат избрани“, рече Села и ги повика сите политички партии да постигнат консензус.

Ги прашав претседателот на државата и на Владата, потенцира тој, „дали се сигурни дека после 30 мај нема да има нова вонредна состојба и тие не беа сигурни“.

„Не треба хипотетички да одредиме датум за избори без тие што се најповикани да кажат и да знаат дали ќе има или ќе нема вонредна состојба. Им дадов предлог доколку не знаат, да се сретнеме и како лидери на политичките партии во моментот кога ќе знаат и тогаш да зборуваме за избори“, рече Села.

Нагласи дека за тајмнигот на новата лидерска средба ќе ги информира претседателот Пендаровски и потенцира дека политички се толкуваат сите законски рокови за одржување на изборите и во зависност од политичката припадност се толкуваат и одлуките.

Алијанса на Албанците Датум Избори Зијадин Села Коронавирус лидерска средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.