Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Семејството Дела Вале објави: Фиорентина на продажба

1
By Нова ТВ on June 26, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двократниот италијански фудбалски клуб Фиорентина оди на продажба. Огласот го објави семејството Дела Вале во чија сопственост се „виолетовите“ од Фиренца од 2002 година. Трговците со кожна галантерија и чевли одлучија да се повлечат од клубот поради незадоволство на навивачите.

Диего и Андреа дела Вале го презедоа клубот како банкротиран, како четвртолигаш и без можност на користење на името. Но, набрзо успеаја да го откупија правото и привременото Фиренца Виола беше заменето со Фиорентина.

И тоа не е се. Гордоста на Тоскана, како што го нарекуваат тимот од „Артемио Франки“, во 2004 година се врати во Серија А по што следуваше период на стабилизација и етаблирање во врвт на италијанскиот фудбал. Намерата да излезат од Фиорентина доаѓа како последица на забелешките на фановите да инвестираат во клубот.

„Сопственичката структура на на Фиорентина објавува намера за препуштање на управување со клубот на потенцијални инвеститори за задоволување на навивачите кои бараат исчекор“, стои на официјалната интернет страница на клубот.

Навивачите, пак, во изминатите години очекуваа зацврстување на Фиорентина во Лигата на шампиони или во Лига Европа што не дочекаа, па затоа и нивното барање за продажба на „виолетовите“. Фиорентина, сепак, бележи прогрес во последните неколку сезони во Серија А, резултати што важат за најдобри од средината на 50-те години од минатиот век.

„Дојде време во кое оние кои го сакаат виолетовиот дрес веруваат дека клубот може да се води на поинаков начин. Заинтересираните треба да истапат и да го понудат своето знаење. Се надеваме дека проектот ќе заврши кај Флорентинци, а ние ветуваме дека ќе ги дочекаме со максимална транспарентност како потврда за почитта кон Фиорентина и граѓаните на Фиренца. Ќе разгледаме само сериозни понуди“, се додава во огласот.

Фиорентина го освои осмото место во Серија А во сезоната 2016/17, а неодамна беше промовиран Стефано Пиоли за нов тренер на екипата.

 

Дела Вале навивачи продажба Фиорентина фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.