Осминафиналето на АТП тенискиот турнир во Дубаи донесе голема сензација. Во главната улога се најде Евгениј Донској, 116 светски рекет, кој во три сета (3:6, 7:6, 7:6) го елиминира Роџер Федерер.

Швајцарецот, веројатно, долго ќе го памети овој меч со неочекуван епилог по него. Заедно со Енди Мареј важеа за главни фаворити за титулата во отсуство на Рафаел Надал и на Новак Ѓоковиќ, но Русинот го принуди на предвремено пакување и заминување од Обединетите Арапски Емирати.

Федерер, за себе несвојствен начин, дозволи бламажа во Дубаи. Го доби првиот сет со 6:3, имаше три меч топки во вториот и, од сето тоа, успеа да ја претопи победата во пораз. Во тај-брејкот во одлучувачкиот сет имаше 5:1 меѓутоа Донској заигра како во транс и ги расипа плановите на Швајцарецот.

АТП Дубаи – Серија 500 – награден фонд 2.858.530 милиони долари

Осминафинале

Донској (Русија) – Федерер (Швајцарија) 3:6, 7:6, 7:6

Џумхур (БиХ) – Гранолјерс (Шпанија) 6:3, 6:4

Мареј (В. Британија) – Гарсија Лопез (Шпанија) 6:2, 6:0

Монфис (Франција) – Еванс (В, Британија) 6:4, 3:6, 6:1

Хасе (Холандија) – Бердих (Чешка) 3:6, 6:3, 6:4

Пуе (Франција) – Копил (Романија) 6:1, 6:4

Вердаско (Шпанија) – Баутиста (Шпанија) 6:4, 3:6, 7:5

Колшрајбер (Германија) – Медведев (Русија) 6:4, 6:4