Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сертификати за лица со имунитет во борбата против коронавирусот

0
By Нова ТВ on April 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјите ширум светот пронаоѓаат начин како да ги подготват и вратат во нормала своите општества. Некаде полека се ублажуваат мерките против ширење на коронавирусот. Дури и тешко погодени земји, како Италија и Шпанија, размислуваат за што побрзо враќање во нормално секојдневие, пред сè враќање кон работното секојдневие. Зашто веќе сега е јасно дека пандемијата ќе остави долгорочни последици за стопанството, а колку рестриктивните мерки траат подолго, толку последиците ќе бидат поголеми.

Еден од механизмите со кои владите се обидуваат да вратат што повеќе граѓани во економските текови е издавањето на т.н. сертификати за имунитет на лица кои го прележале коронавирусот и кои имаат создадено доволно антитела. Сертификатот би овозможил враќање на работа на лицата кои оздравеле. Овој метод е особено популарен во Италија и тоа во кризните жаришта на северот на земјата, како и на другата страна на Атлантикот, во средиштето на заразата Њујорк.

„Знак за несигурно општество“

Но, овие планови се спорни како од медицински, така и од етички аспект. Експертите предупредуваат дека сертификатите за имунитет се само алиби на политичарите кои сакаат враќање на состојбата во нормала што е можно побргу.

Мартин Шнел, професор по социјална филозофија и етика на здравствениот систем од Универзитетот Витен/Хердеке, вели дека предвремените повици за укинување на мерките се знак за „несигурни општества“. Според него, импулсот кој стои зад таквата идеја е разбирлив:

„Замислете дека сте во сообраќајна колона. Се чувствувате многу поинаку ако знаете дека застојот ќе заврши за 20 минути, отколку кога не знаете ништо. Ние сакаме да знаеме дека правиме нешто и сакаме да знаеме кога сè ќе заврши. А, сега не го знаеме ниту едното ниту другото“, вели тој.

Шнел е скептичен околу изводливоста на користењето на сертифкати за имунитет во помалите места, каде сите се знаат едни со други. Ризикот на тој начин да се поттикнат чувства со тоа што општеството ќе се подели на две групи, од кои едната смее да води нормален живот, а другата не, би бил исклучително „штетен за солидарноста на заедницата“, која во моментот го држи општеството заедно.

„Од друга страна, не можете да ги направите нееднаквите работи еднакви и сертификатите за имунитет би можеле да бидат „само“ начин за да оди напред“, вели Шнел.

Но, тој потенцира едно големо ограничување. Планот „може да се смета за етички само ако се задржат сите останати мерки на дистанцирање, како на пример оддалеченост од 1,5 метар или носење маски, за да се заштитат како здравите, така и ранливите“. Тоа во одредени ситуации може да биде исклучително тешко, на пример во јавниот сообраќај што го користат многу луѓе да одат на работа.

Пребрзо отворање?

Шнел смета дека не се многу мудри плановите за пребрзо враќање кон нормала. Според него, разбирливо е што се сака да се знае кога ќе заврши застојот, но би било многу поодговорно да се направи нормативен план врз основа на определени столбови. Еден пример за тоа е да се чека додека R0 стапката на инфекција падне под 1, односно кога едно лице инфицира помалку од едно лице. Ваков план е во контраст со повиците за определување датум за олабавување на мерките, засновани врз пребрзата желба за рестартирање на паднатите економии.

Доколку владите укинуваат рестрикции, за потоа за неколку недели да мора повторно да ги воведуваат поради втор бран зараза, тоа би можело да предизвика „криза на демократијата“, вели Шнел.

„Политичките лидери би морале да понудат разбирливо сценарио за олабавување на рестрикциите, а не временско сценарио, или во спротивно „ризикуваат да ја загубат својата веродостојност“, оценува Шнел.

Навистина, Кина сега забележа најголемо зголемување на бројот на новоинфицирани во последните шест недели. Ико првиот голем бран на пандемијата беше запрен, граѓаните кои се враќаа од странство донесоа со себе и нови инфекции. Тоа укажува на потенцијално предвремениот карактер на многу предлози за повторно отворање на општествата, вклучително тестови за антитела и сертификати за имунитет.

Несигурни податоци

Иако во Италија, Германија и Кина се развиени успешни тестови за антитела, меѓу научниците владее консензус дека сè уште има многу непознати работи околу тоа како телото се опоравува од ковид-19. Во Кина, Јапонија и Италија има извештаи за пациенти кои го прележале вирусот, а потоа повторно се инфицирале.

Освен тоа, студии во Кина и Италија покажаа дека различни пациенти имаат различно количество антитела за борба против вирусот, дека има пациенти кои воопшто немаат антитела и дека на многу луѓе им е потребно повеќе време за опоравување од вообичаените две недели.

Проблем претставува и количеството на научни трудови кои пристигнуваат во релевантни медицински списанија, зашто едноставно нема доволно виролози кои би ги верифицирале заклучоците од овие студии. Меѓу многуте работи за кои научниците сè уште не се сигурни е прашањето – колку долго едно оздравено лице останува имуно на болеста и дали оздравените пациенти имаат доволно антитела за да можат да се борат против вирусот уште еднаш, а тоа пак ги прави тестовите за антитела и сертификатите за имунитет како стратегии за враќање кон нормала – неуверливи.

имунитет Коронавирус мерки рестрикции Сертификати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.