Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сестри близначки меѓу 10-те убиени во рускиот напад на Краматорск

0
By Соња Крамарска on June 28, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 28, 2023 13:44

Десет лица загинаа од руски проектили што го погодија центарот на Краматорск во источно – украинскиот регион Доњецк. Меѓу загинатите се и 14-годишните сестри близначки Јулија и Ана Аксенченко.
Краматорск е под украинска контрола, но истовремено е и блиску до делови од земјата окупирани од Русија. Претседателот Володимир Зеленски рече дека Русија заслужува „само пораз и трибунал, праведни и законски судови против сите руски убијци и терористи“.
Кремљ, пак, рече дека извршува напади само врз цели поврзани со војската.
Додека спасувачките напори продолжуваат во Крамоторск, Украина наводно била погодена од друг напад од Русија. Според регионалниот шеф на Харков, тројца цивили загинале во гранатирање.

Додека продолжува спасувачката операција на местото на ракетниот напад во Краматорск, украинската полиција соопшти дека бројот на загинати се зголеми на 10, а 61 лице е ранет. Според итните служби, под урнатините се уште има жртви.

Јавниот обвинител вели дека нападите биле извршени со балистички ракети Искандер. Овие ракети со краток дострел од руско производство потешко се пресретнуваат од системите за противвоздушна одбрана поради брзината со која тие напаѓаат. Релативната близина на Краматорск со руските позиции (околу 30 километри), исто така, го прави ранлив на воздушни напади.

Меѓу загинатите има 17-годишно девојче и 14-годишните сестри близначки. Повредено е и осуммесечно бебе, иако полицијата вели дека нема закана по неговиот живот.

Украинската безбедносна служба тврди дека привела руски агент за кој велат дека бил вклучен во доставување информации за целната локација до руските сили, вклучително и колку е зафатена областа и каде се паркирани автомобилите.

Зборувајќи во украинскиот парламент, претседателот Володимир Зеленски рече дека неговата земја „никогаш нема да се согласи на која било варијанта на замрзнат конфликт“, нагласувајќи дека сите руски војници кои освојуваат мора да ја напуштат украинската територија.

Тој, исто така, ја споменува неговата формула за мир, која предвидува руски репарации за Украина за воените штети и судења на одговорните за масовните смртни случаи и уништување.

Осврнувајќи се на актуелните руски власти, Зеленски ги нарече„гангстери кои ја презедоа власта“ и сега го „тероризираат светот“. Тој додаде дека ќе завршат во Хаг, каде што е и Меѓународниот кривичен суд.

извор: Би-Би-Си

подготви: С.К.

Краматорск руски напад сестри близначки Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.