НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија со нова Влада, Заев доби втор мандат

0
By Нова ТВ on August 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија доби нова Влада. Зоран Заев синоќа пред полноќ ја доби поддршката за втор мандат како премиер, овој пат во Влада составена од коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ, ДУИ и ДПА. „За“ предложениот владин кабинет гласаа 62 пратеника, а „против“ беа 51. Опозицијата во овој парламентарен состав брои 58 пратеници од кој коалицијата „Обнова на Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ има 44, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12 и Левица – 2.

Во завршното обраќање пред пратениците Заев рече дека државата, која сега е членка на НАТО и има одлука за почеток на преговори со Европската Унија (ЕУ), со посветеност и заедничка работа ќе има институции со кои ќе се гордеат сите. Најави насочување на целосниот фокус кон економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување на што е можно повеќе странски инвестиции, привлекување на домашниот капитал да влезе во инвестиции, намалување на непродуктивните трошоци во администрацијата, но и посилно и поквалитетно здравство.

Најави дека претстои стабилен политички период, одлучна и бескомпромисна борба против сивата економијата, криминалот и корупцијата, ефикасен, транспарентен и одговорен правен систем.

„Моќта и среќата од слава и пари не се мој идеал. Мојот идеал е да се биде среќен во земја на среќни граѓани. Тоа е нешто кон што се стремиме. Граѓаните имаат право да имаат соништа, а ние треба нивните соништа да ги направиме јаве“, порача староновиот премиер Заев.

Премиерот ја повика опозицијата на соработка.

„За стратешките прашања во државата задолжително очекува нашиот народ да соработувам и очекувам како претседател на Владата да имаме соработка со опозицијата. Но, искрено се надевам и за другите прашања да имаме соработка“, рече Заев.

Дводневната собраниска расправа се карактеризираше со меѓусебни препукувања на власта и опозицијата, со критики од опозициските партии за сработеното во претходниот владин мандат, за предложената владина програма, за составот на новата влада, со непримерни забелешки упатени едни кон други, со тропање по масите од страна на опозицијата, поради што собранискиот спикер Талат Џафери повеќе пати беше принуден да интервенира со повик до пратениците да го подигнат нивото на меѓусебната комуникација.

Се разменија епитети како „топ шоп мандатар“ и „топ шоп влада“, „дормео опозиција“, „предавници“, некои пратеници не сакаа да реплицираат на жена пратеник, бидејќи не сакале да навлегуваат во расправа со припаднички на понежниот пол, итн.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето обраќање упати критики до предложениот владин состав. Заев го нарече „топ-шоп мандатар“, а владата „топ-шоп влада“. На тоа Заев му реплицираше дека всушност со ваквиот настап тешка им е помислата дека уште четири години ќе бидат во опозиција и ги оквалификува како „дормео опозиција која го преспала решавањето на сите крупни прашања во државата“.

Опозицијата оцени дека владината програма нема да обезбеди раст на економијата, развој на образованието, зголемување на стандардот на граѓаните. Се наврати и на прашањето за името, кое од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се означи како најболното. Најчести забелешки на пратениците од опозицијата, вклучувајќи ги и тие од коалициајта Алијанса за Албанците и Алнтернатива, беа дека имале многу кратко време за да ја разгледат владината програма и да ги прочитаат биографите на предложените министри.

Потпретедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски истакна дека новата влада на СДСМ и ДУИ е „коалиција на лагата“. Најави масовни протести на есен за нејзино уривање, оценувајќи дека оваа Влада ќе биде со најкраток мандат. СДСМ, како што рече, ветуваше коалиција без ДУИ, а ДУИ ветуваше премиер Албанец, поради што, според него, двете партии добиле дел од гласовите на изборите на 15 јули.

На собраниската расправа имаше жестока дебата и меѓу претставниците на албанскиот блок, особено меѓу ДУИ и Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива која смета дека „интегративците“ немаат легитимитет меѓу албанските гласачи и дека не сториле ништо за унапредување на правата на Албанците во земјава.

Пратениците од власта истакнаа дека во изминатиот период донеле тешки, крупни и државнички одлуки, во интерес и на граѓаните и на државата, ја отстраниле последната пречка од евроинтеграциски пат, ја внеле државата во НАТО и оти почнуваат преговори со ЕУ.

Бројот на министерски места во новата влада е намален за седум и сега ќе брои 19 министри и премиер.

Заев во експозето говореше за приоритетите на новата влада, ставајќи акцент на економијата и социјалната политика. Ова е мала Влада што ќе ја предводам, посочи Заев, во која членуваат мотивирани и посветени личности кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата.

Покажавме што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на пандемија и ова, посочи Заев, е мотив да продолжиме да работиме за враќање на стапките на раст, затоа што можеме. Задржување на минималната плата на 14.500 денари за време на кризата предизвикана од коронавирусот, но и минималец од 20.000 денари по завршување на кризата е визијата на новата Влада.

Унапредување на даночната политика, инвестирање во нови патишта и автопати и железничка инфрастурктура, реформа на јавната администрација се дел од заложбите на новата Влада. Секако, тука спаѓа и прочистување на судството и градење на правна држава, унапредување на добрососедските односи, но и отворање на 80 проценти од поглавјата во преговорите со Унијата во наредните четири години. Заев најави и нови пакети помош за коронакризата и не исклучи можност во наредните месеци може да дојде до влошување на состојбата.

Програмата и предлог-составот на новата Влада, мандатрот Зоран Заев до Собранието ја достави минатата среда. Покрај него како премиер, членови на Владата се и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада.

Артан Груби од ДУИ ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, Насер Нуредини министер за животна средина, Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација.

Во владината програмата предвидено е намалување и на привилегиите на јавните функционери со цел да се спречи злоупотреба на функцијата за лични цели, намалување на буџетските трошоци и зголемување на ефикасноста во вршењето на функцијата.

Заев во експозето рече и дека ќе нема компромис за министрите ако некој го прекрши законот, а ако се прекршат етичките норми очекува оставка или ќе има разрешување. Им порача на кандидатите за министри дека од нив очекува одговорност, како и да ги стават интересите на граѓаните и државата на прво место.

Тоа, како што рече, се однесува и на сите директори и раководители, но и на целата јавна администрација.

„Посебно да водите грижа за однесувањето на тие од вториот и третиот ешалон, раководители на сектори и одделенија, шефовите во јавните институции. Најголемите злоупотреби, неетички однос се прави токму таму“, укажа Заев.

Влада Зоран Заев Македонија мандат Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025
ФОКУС

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15…

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.