Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија – земја без луѓе

0
By Нова ТВ on February 12, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многу млади луѓе ја напуштаат Северна Македонија, пред сe, во насока на Германија и на Австрија. Се надеваат на работа и на подобри плати. Еве што забележа репортерот на радиото „Дојчландфунк“ пред германската амбасада во Скопје. Фатима со својата малолетна ќерка стои пред влезот на дипломатското претставништво со намера да поднесе барање за работна дозвола.

„Речиси сите пријатели и членови на семејството ми се во Германија. Во Скопје може да се најде работно место, но во внатрешноста нема ништо. И кога има работа, најчесто работи само еден член на семејството, а од тоа не може да се живее. Прво ќе учам германски за да зборувам да го зборувам како македонскиот. Потоа ќе барам работа. Би сакал да бидам шефица во ресторан. Сакам да работам со луѓе“, вели Фатима.

„Еден син е веќе заминат, овој е вториот“

Фото: alsat-m.tv

Постар маж од Тетово го чека синот кој се наоѓа во зградата на амбасадата.

„Еден син е веќе заминат, овој е вториот. Јас и сопругата ќе останеме сами. Јас имам 59, таа има 60 години. За неколку години нема да можеме да работиме. Постариот син ми живее во близината на Берлин и работи како келнер во ресторан“.

Темата иселување во Германија и во Австрија за многу работници во Северна Македонија стана уште попривлечна од почетокот на годината поради новите, поедноставени, правила за доселување на стручњаци.

Цел се пред се Германија и Австрија

Од први јануари во Австрија може да работат квалификувани работници од земји кои не се членки на ЕУ. Министерството за труд во Виена објави долг список од 56 различни професии – од машински техничари, преку работници за изработка на покриви и негуватели до готвачи. Германија од први март стартува со слични правила.

Фото: techpress.se

Како шофер, Шефајет сега заработува околу 300 евра. Премалку, смета тој, а со тоа е согласна и фамилијата.

„Овде го придружувам синот на шурата. И тој ќе замине, што би правел овде? – Да имаше плати од 500 до 600 евра во Македонија, никој не би одел во Германија, иако таму се заработуваат 1500 до 2000 евра. Никој не го напушта семејството со драго срце, никој не сака да биде далеку од домот и децата.“

Високи трошоци за живот во Германија

За Северна Македонија, привлечноста на германскиот пазар на работна сила е голема, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. Но, додава тој, многу работници не размислуваат за високите трошоци за живот во Германија.

„Магнетна сила постои, улога игра и тоа што секој има некои роднини во Германија кои раскажуваат како живеат и колку заработуваат. Но, мора да се прави разлика, зашто овде, како сума, е релевантна нето-платата, а во Германија се зборува за бруто-плати. Она што е помалку познато се трошоците за живот во Германија кои се поврзани со тоа и кои на крајот водат до тоа да се биде на нула.“

Политичка разочараност

Но, не се само повисоките плати го прават толку привлечен германскиот пазар на работна сила за работниците од Северна Македонија. Тука е и недоволната внатрешнополитичка стабилност, недавањето зелено светло од страна на Европската унија за почеток на преговори за приклучување, направено под притисок на францускиот претседател Макрон, техничката влада која е на власт до изборите во април и која е речиси школски пример за лошо менаџирање и непотизам.

 

Фото: afp/getty images

Педесет и деветгодишниот татко од Тетово, кој чека на својот син пред амбасадата, вели: „Страшно е она што се случува во Македонија. Зборувам за Македонија, но многу подобро не им е ниту на другите земји во регионот. Велат дека сме земја со два милиони жители, но овде сигурно нема два милиони. Јас имам две деца. Едното ми е веќе седум месеци во Германија, а сега документи ќе добие и вториот син. Тој не сака повеќе да живее овде, зашто не гледа перспектива“.

Германија живот Исселување Македонија плати работа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.