Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаховска битка во Лондон: Карлсен и Каруана во маратон за шампион

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 СПОРТ
Фото: irishtimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дванаесеттата и последна партија за светската шаховска титула заврши идентично како и останатите 11. Со реми. Коментаторите и шаховските компјутери, се чини, беа благо наклонети на бранителот на тронот, Магнус Карлсен во понеделничкиот меч во Лондон со оглед на предноста што ја имаше на таблата и повеќе време за повлекување на преостанатите потези. Но, Норвежанецот, сепак, реши да понуди реми по 31 безначаен потег што предизвикувачот од САД, Фабијано Каруана без размислување го прифати во најкратката игра во финалната серија.

Двајцата вчера (вторник) уживаа во слободниот ден, а за денеска (среда) е закажана решавачкото надмудрување. По тринеделни повеќечасовни дневни партии, Карлсен и Каруана за првпат ќе се пресметаат во четири брзопотезни игри во кои секој од нив е временски лимитиран на 25 минути за одигрување на сите потези.

Во случај да нема победник, Карлсен и Каруана ќе преминат на пет серии по два блиц меча во кои ќе имаат само пет минути за влечење на сите потези. Ако еден од нив се стекне со предност по оваа рунда, ќе биде прогласен за нов светски првак во шах.

Карлсен важи за фаворит според овој формат. Тој моментно е број еден блиц играч во светот додека неговиот американски колега е на 18. место на ранг листата.

Ако и по десетте блиц партии биде нерешено, тогаш за титулата ќе решава т.н. „Армагедон игра“. Или во превод тоа значи дека по пат на ждрепка, едниот шахист ќе добие бели фигури и пет минути за сите потези додека другиот ќе игра со црни фигури и ќе има една минута помалку. Доколку резултатот остане егал, победник ќе биде играчот со црни фигури поради минусот од 60. секунди за играње.

Едно е сигурно. Шаховскиот свет го очекува долг и напорен ден во кој можеби ќе нема победник на партија, но, секако, ќе има шампион.

Лондон Магнус Карлсен Фабијано Каруана финале Шах
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.