Апелирам до вработените во градинките, до оние кои не се вакцинирани, да се вакцинираат за да може по завршување на годишните одмори, градинките да работат со полн капацитет секако согласно епидемиолошката состојба во државата, вели министерката за труд и социјална политика, Јахода Шахпаска, во интервју за Македонската радио телевизија. Помалку од 50% од вработените во градинките се вакцинирани, иако како приоритетни групи за вакцинација беа токму тие.

Шахпаска потенцираше дека со почитување на протоколите од страна на вработените и родителите, градинките беа првите отворени објекти во услови на пандемија.