Ученици утрово сакаа да одат на настава но беа оневозможени поради одлуката денес да се штрајкува, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
„Одбивање на наставата има во повеќе градови во нашата земја. Јас сум благодарен на оние што ги прифатија децата во училиштата. Го почитувам синдикалното право на штрајк. Ние како министерство сме во процес на комуникација со сите основни и средни училишта и со нивните директори за да знаеме дали се одвива настава и колку од вкупните вработени се вклучени во наставниот процес“, вели тој.
Како што дополнува Шаќири социјалниот дијалог продолжува и смета дека за брзо време ќе се пронајде решение.
„Од нас како министерство мислеа дека сакаме да вршиме притисок врз вработените. Крајната одлука треба да биде генерален штрајк“, појаснува министерот за наука и образование.