Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шапеко на нозе за дочек на посмртните останки на фудбалерите

0
By Нова ТВ on December 3, 2016 СПОРТ
Фото: AFP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илјадници Бразилци се подготвуваат во Шапеко за дочек на посмртните останки на над 50 жртви во авионската несреќа што се случи во ноќта меѓу понеделникот и вторник во Колумбија. Меѓу настраданите е, речиси, целиот фудбалски тим на Шапекоенсе кој патуваше на дуел со Атлетико Насионал во финалето на Копа Судамерикана.

Три бразилски воени авиони, како што јавуваат светските медиуми, синоќа полетале од градот Меделин во чија непосредна близина падна леталото на боливиската компанија „Ламија“ со 77 патници и членови на екипажот. Нивното пристигнување во Шапеко е најавено за денеска во 11 часот по средноевропско време по што е планирана и комеморација, а поворка луѓе ќе се движи низ улиците до „Конда арена“ каде своите мечеви како домаќин ги игра Шапекоенсе.

Се проценува дека на комеморацијата ќе присуствуваат преку 100.000 луѓе, па затоа и околу стадионот ќе бидат поставени видео бимови бидејќи неговиот капацитет е со 19.000 места. На настанот е најавено присуство на Џани Инфантино, претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) и на Мишел Темер, претседател на Бразил.

Телата на петмината Боливијци, членови на екипажот, синоќа беа транспортирани во земјата со авион на воздухопловните сили. Во своите држави се пренесени и ковчези на останатите осум загинати во несреќата, по еден во Венецуела и во Парагвај и шест во Бразил. Падот на авионот го преживеаја шест лица што властите во Колумбија веруваат дека бил предизвикан поради недостаток на гориво. Во тек е истрага за причините, анализа на содржината на црните кутии и комуникација меѓу пилотот и контролата на летање на аеродромот во Меделин. Конечните резултати се очекуваат да бидат готови за шест месеци.

 

авионска несреќа Бразил истрага комеморација Шапеко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.