Шарената револуција вечерва повторно со герила акција и одбројување до крајниот рок за ултиматумот – 18 јуни.Остануваат уште шест дена, а бројот 6 ги испишаа на мостот „Око“пред Уставниот суд.
„Упатуваме граѓански поглед на излезот од кризата. Излез од кризата не може да има ако нема правда, а правда нема да има ако нема Специјално јавно обвинителство и ако нашите соборци и понатаму се под прогон.
Одбројуваме уште шест дена до 18 јуни“, напишаа тие на Фејсбук страницата „Шарена револуција.