Три големи крстосници во центарот на Софија денеска се блокирани со шаторски кампови на 26. ден од антивладините протести на кои се бараат оставка од Владата на премиерот Бојко Борисов и на државниот обвинител Иван Гешев. Протестите се одвиваат во мирна атмосфера и без тензии меѓу полицијата и демонстрантите.
Сè уште е блокиран и пристапот на автопатот кон Тракија, на излез од Стара Загора, јужна Бугарија, каде, исто така, е поставен шаторски камп. Полицијата апелира до демонстрантите да го почитуваат јавниот ред и да не наседнуваат на провокации.