Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шефот на холандската дипломатија Хукстра кандидат за наследник на Тимерменс во ЕК

0
By Ана Василевска on August 25, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Вопке Хукстра
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 25, 2023 13:36

Актуелниот холандски министер за надворешни работи Вопке Хукстра ќе биде кандидатот на Холандија за нов член на Европската комисија, откако досегашниот нејзин претставник Франс Тимерманс неделава се повлече од извршното тело на ЕУ за да биде кандидат за премиер на предвремените парламентарни избори во земјата закажани за во ноември.

Како што јави РТЛ Њуз, запрашан да ги коментира информациите за именување на Хукстра за нов член на ЕК, холандскиот премиер Марк Руте синоќа изјави дека Владата во него гледа соодветен наследник на Тимерманс.

– Тој има многу големо искуство во финансиите и надворешните работи, нагласи Руте.

Според холандските медиуми, се очекува Владата на Руте на денешната седница официјално да го номинира Хукстра за нов член на Европската комисија, иако претставник на Министерството за надворешни работи во Хаг изјави дека „тоа се гласини“.

По повлекувањето на Тимерманс, кој беше извршен потпретседател на Европската комисија задолжен за спроведување на Европскиот зелен договор, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на неговата позиција го именува словачкиот еврокомесар Марош Шефчович. Но, според извори во Европската комисија, како што објави „Политико“, сепак не е исклучено Фон дер Лајен да го задолжи Хукстра за спроведување на климатската политика на ЕУ, а Шефчович да ја задржи досегашната позиција на потпретседател на ЕК за меѓуинституционална соработка.

Хукстра доаѓа од редовите на партијата Христијанско-демократски апел (ЦДА), која е членка на Европската народна партија (ЕПП), чии европратеници водеа жестока борба против Предлог-законот за обнова на природата, предложен од Тимерманс, кој помина во Европскиот парламент со тесно мнозинство.

Оттаму, евентулното именување на Хукстра да раководи со климатската политика на ЕУ, би можела да наиде на противење на социјалдемократите, залените и левицата во ЕП, кои се поддржувачи на досегашната политика на холандскиот лабурист Тимерманс.

Хукстра, кој пред да стане шеф на дипломатијата беше холандски министер за финансии, не важи за човек кому му се блиски еколошките политики, поради што може да се соочи со жестоки критики од блокот левичарски партии во Европскиот парламент, но и од либералната Обнова на Европа, во која водечка сила е партијата Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон.

Според претставник на ЕПП, евентуалното именување на Хукстра на должнста поврзана со климатската политика, би нудела реална можност за нови политички разговори околу зелената агенда на ЕУ.

Именувањето на Хукстра ќе го задржи досегашниот родов дисбаланс во Европската комисија во полза на мажите, што може да биде причина и за противење на неговиот избор од страна на застапниците на родовата еднаквост. Од тој аспект, некои холандски медиуми посочуваа дека со цел да се намали родовиот дисбаланс, Холандија би можела за член на Европската комисија да ја предложи актуелната вицепремиерка и министерка за финансии Зигрит Каг, која до средината на месецов беше и лидерка на социјал-либералната партија Демократи 66 (Д66).

Вопке Хукстра Европска комисија Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.