Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Дополнителни 7.000 денари за сите припадници на Армијата од 1 март

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: slobodnaevropa.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2020 16:19

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска при денешната посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип најави покачување на платите на цивилните лица во Армијата. Таа забележа дека пред две и пол години, точно од Штип, го најавила првото покачување на платите во Армијата.

„По второто покачување на платата од крајот на овој месец, платите на сите цивилни лица во Армијата ќе бидат дополнително зголемени за 10 проценти, а со почетокот од март сите припадници на Армијата оние кои имаат над тригодишни договори ќе успеат да добиваат месечно издатоци за станарина. Ова е износ од 7.000 денари секој месец. Тоа, значи, ако пред две и пол години, пред доаѓањето во Штип платата на одреден професионален војник изнесувала 20.000 денари, тогаш заедно со овие покачувања, заедно со станарината, тој или таа, сега секој месец ќе добиваат над 30.000 денари“, рече Шекеринска.

Таа истакна дека најниско платените вработени во Армијата со ова ќе имаат зголемување за 50 проценти на примањата. На овој начин, како што рече таа, се зголемува мотивот за да припадниците останат да работат тука во Армијата. Министерката Шекеринска истакна дека годинава земјава ќе стане членка на НАТО, но како што рече, тоа значи и започнување на одредени стандарди.

„Задоволство ми е што токму во Штип ќе биде лоциран нашиот главен НАТО ресурс, лесната пешадиска борбена група која ќе ги има и повисоките стандарди на обука, повисоките стандарди во дел на опремата“, рече Шекеринска.

Забележа дека на крајот на годината е потпишан првиот договор со кој се обезбедени оклопни возила токму за оваа пешадиска група, а во моментов течат и обуките од стана на припадниците на Обединетото Кралство.

Бригадниот генерал Хју Лојд Џонс рече дека Обединетото Кралство со нетрпение очекува да ја поздрави Северна Македонија како 30-та членка на семејството НАТО, и му е мило што Армијата на РСМ започнала трансформација со формирање на првата пешадиска чета токму овде во Штип која ќе биде добро опремена, добро обучена и ќе има подобри ресурси од било која друга конвенционална единица што ја претставува армијата на терен.

„Оваа способност ќе биде организирана, обучена во согласност со НАТО стандардите и ќе биде основа на воениот придонес на Алијансата. Обединетото Кралство многу ја цени можноста да даде своја поддршка на приемот на Северна Македонија во Алијансата и да обезбеди практична помош во развојот на лесната пешадиска баталјонска група. Оваа помош вклучува тим за обука од вториот баталјон на полкот на војводата од Ланкастер кои во моментов се во земјава и обезбедуваат лесна пешадиска и лидерска обука за 30 потенцијални подофицери од вториот баталјон“, рече Лојд Џонс.

Тој додаде дека Обединетото кралство и понатаму да обезбедува практични совети и помош во понатамошниот процес на трансформацијата на РСМ. Обуките се извршуваат во штипската касарна и на полигонот Криволак

армија плати покачување Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.