Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска пред војниците во „Илинден“: Станарина од 7,500 денари за секој од вас

0
By Нова ТВ on February 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред две години се пожаливте на лошите плати, на лошите услови за работа, за напредување, за злоупотреба за станаринатa. Видлив беше и слободниот пад на Буџетот на Армијата, а тоа се одразило врз примањата, условите, но и на моралот. Денес со гордост можам да кажам дека направивме пресврт, докажавме дека и во одбраната и во Армијата може да се инвестира повеќе и подобро, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средба со војниците во касарната „Илинден“.

„Навистина ми е задоволство што, по само две години, покажавме дека платите и на цивилиниот и на воениот персонал во Армијата може континуирано да растат. Од наредниот месец, секој од вас ќе добие станарина од 7.500 денари што ќе расте заедно со порастот на просечната плата“, најави Шекеринска пред војниците од пистата на најголемата касарна во државава.

Министерката даде пример каде професионален војник кој е со, како што рече, од прилика најниска плата од 20.000 денари, од наредниот месец вкупните приходи ќе му пораснат над 30.000 денари што е повеќе од 50 проценти. Покачување на плата, како што рече, ќе има и кај цивилните лица од 27 отсто. На два дена пред ратификацијата на Протоколот со НАТО во нашиот Парламент, Шекеринска на оние кои се пред пензионирање им порача да не се грижат, бидејќи, според неа, со измените на Законот, секој припадник на Армијата ќе заминува во пензија со 80 проценти од своите најдобри 10 години, а во првиот момент на заминување во пензија ќе има значајна дополнителна премија.

Министерката се осврна и на потребата од нова опрема за Армијата за што потесети дека минатата година за првпат се обезбедија нови чизми за секој припадник, а од овој месец ќе почне испораката и на униформите за сите војници.

„Се согласувам дека не треба да зборуваме за основни работи како чизми и униформи, ама 10-15 години се зборуваше за тој проблем и не беше решен. Оваа недела ќе почне испораката и на спортска опрема за припадниците на Армијата за кои бараме физички да бидат подготвени“, информираше Шекеринска.

Министерката рече дека Северна Македонија ја делат денови од членството во НАТО и дека оваа заслуга е заедничка, но пред се на војниците. За наредниот период, Шекеринска најави амбициозни планови како што е модернизирање на Армијата, посебно на лесната пешадија за што се набавени 33 оклопни возила, бројка која во следните години треба да стигне до над 150, а ќе почне и постапка за модернизација и на воздухопловните сили.

„Нашата лесна пешадија која ја лоциравме во Штип, ќе биде нашиот главен НАТО фокус, а тука ќе вложиме и обука и опрема и ќе го подмладуваме составот. Целта ќе ни биде во следните години да отвормие простор за многу прфесионални војници и овицери“, најави Шекеринска.

За попладнево во Собранието најавена е пленарна седница на која пратенците, меѓу другото, се очекува да се донесе законот за одбрана, а утре во 15 часот народните претставници ќе го ратификуваат протоколот за членство во НАТО.

АРМ Вложувања одбрана плати Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.