Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Секогаш постои опасност од исламистички радикални структури, повратници од фронтовите

0
By Нова ТВ on January 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 9, 2020 10:49

Власта во земјава се огласи по најновиот развој на настаните со САД и Иран. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска вели дека најголем дел од земјите не ги повлекле своите војници.

„Само ги преместија од Ирак во Кувајт, со план дека тоа е само времено. Мисијата во Ирак е важна мисија, но таа не е борбена. По нападот и убиството на иранскиот генерал имаше дебата и во нивниот парламент. Присуството на НАТО во целиот регион е резултат на кризата“, рече Шекеринска во емисијата „Утрински брифинг“.

Според министерката нашите дипломатски односи со Иран се многу скромни, но не се толку комплицирани како нивното отворено прашање со Албанија. Таа вели дека овој момент нема причини за загриженост од присуството на невладини организации поврзани со Иран, бидејќи Македонија не им е точка на интерес.

„Никогаш не смееме да ја елиминираме опасноста од радикализирани исламистички структури кои се враќаат од тамошните фронтови. И Македонија и целиов регион, светот живее со опасноста од тероризам. Ако во еден момент помислите дека тоа им се случува на некои други ќе се разбудите шокирани и непријатно изненадени, бидејќи светот живее под притисок од тероризмот. Кај нас е специфично бидејќи сме поблиску и поради овие присуства и влијанија во целиот регион. Затоа и работиме на програми на ресоцијализација и менаџирање на сите тие повратници, но акцијата на нашето МВР во 2018 докажа дека ситуацијата се следи, се реагира секој пат кога постои било каква опасност“, изјави Шекеринска.

Иран радикални структури Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.