Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска во Атина на средба со министерот за одбрана Панајотопулос

0
By Ivana on July 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 08:39

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денес ќе има работна средба со грчкиот колега, министерот за одбрана Николаос Панајотопулос. Воедно, министерката ќе присуствува на отворањето на Меѓународниот саем за вооружување DEFEA 21 кој се одржува во Атина.

Како што соопшти Министерството за одбрана, за време на средбата двајцата министри ќе се осврнат на планот за билатерална соработка во одбраната за 2021 година кој опфаќа седумдесетина активности од кои дел ќе се одржат во Грција, а дел во Северна Македонија, и кој го отсликува позитивниот дух на соработката меѓу двете земји во одбраната и пошироко.

Министерката ќе оствари средба и со Хајди Грант, директорка на американската Агенција за соработка во одбраната и безбедноста, која е дел од Министерството за одбрана на САД. На состанокот се очекува да стане збор за тековните активности меѓу Северна Македонија и САД во делот на модернизацијата на нашата одбрана и набавките на опрема по принципот „влада со влада“.

Меѓународниот саем за вооружување DEFEA е настан на кој компаниите од воената индустрија ги презентираат најновите достигнувања од оваа област. На саемот ќе учествуваат голем број од клучните компании од оваа индустрија кои учествуваат во опремувањето и модернизацијата на најголем број НАТО армии.

Атина средба Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.