НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шесте сета мерки даваат резултати: Економијата закрепнува, предизвик е енергетската криза

0
By Sashko on January 3, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По речиси две години од почетокот на пандемијата на ковид-19, економијата во земјава полека закрепнува. Шестте пакети мерки кои беа донесени како поддршка за стопанството и за граѓаните, според дел од експертите, имале позитивно влијание и придонеле за зачувување на работните места за што потврда пристигна и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Развојната компонента, велат експертите, е од особена важност за поддршка на закрепнувањето, а од Владата најавуваат дека во наредниот период фокусот ќе биде ставен на инвестициите и на дигитализацијата. Предизвик во новата година останува енергетската криза која ќе покаже дали ќе има доволно електрична енергија, колкава ќе биде нејзината цена и колку кризата ќе се одрази врз работата на компаниите. Дел од експертите препорачуваат штедење, дисциплина од сите страни.

Проф. д-р Марјан Петрески, од Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје, смета дека како вкупен контингент, пакетите мерки извршиле значајно позитивно влијание, односно спречиле падот на доходот да биде значајно поголем.

Неодамнешната ревизија на растот на БДП во третиот квартал од 2020 година, од -3,3 на -5,9 проценти укажува дека влијанието на мерките веројатно било помало од она што првично се мислеше, меѓутоа сепак тој пад ќе беше подлабок од -9 отсто без мерките. Според пресметките, клучната мерка за зачувување на работните места, субвенцијата од 14.500 денари по работник во погодените компании, придонела за зачувување на околу 60.000 работни места од 75.000 кои биле на работ да бидат изгубени, но, се разбира, дел од работните места, сепак, беа изгубени. Социјалните мерки, пак, првенствено полабавите критериуми за доделување гарантирана минимална помош и еднократните плаќања по 3.000 до 9.000 денари на различни категории ранливи граѓани овозможиле доходот кај посиромашните слоеви да биде спасен во обем од 30 до 50 отсто, вели Петрески.

Според неговите пресметки, извршената вредност на пакетите економски и социјални мерки за справување со ковид-19 изнесува околу 600 милиони евра, што е отприлика пола од нивната програмирана вредност или близу 6 отсто од БДП. Тука, вели Петрески, се вклучени и проценките за мерките за ослободување или одложување одредени плаќања, како на пример за одредени даночни обврски.

Клучното прашање во однос на мерки во моментот е дали и како функционира нивната развојна компонента, што е од особена важност за поддршка на закрепнувањето, низ кое се движиме сега, но многу побавно од првично очекуваното. Некои од мерките како намалување на царините на клучни суровини, фондовите за извоз, гаранциите преку Развојната банка, се во фаза на имплементација, меѓутоа тоа би требало да се движи со позабрзана динамика, за да може да се каже дека го помага закрепнувањето во моменти кога тоа е најмногу потребно, порачува Петрески.

Имено, нагласува, растот којшто се очекува од околу 4 проценти за 2022 година е релативно солиден имајќи ги предвид околностите, меѓутоа тој ја претпоставува таа поддршка предвидена со веќе објавени мерки од државата, како и со предвидените капитални инвестиции во Буџетот, коишто знаеме дека се подложни на подизвршување.

Ваквата поддршка на закрепнувањето е особено важна затоа што, да се потсетиме, за да може да се справи со економските последици од коронакризата, државата се задолжи со дополнителна една милијарда евра позајмени средства, за чиешто сервисирање е неопходна паметна фискална консолидација, која од една страна ќе овозможи повторно да се изгради фискалниот простор неопходен за одговор на некои идни кризи, а од друга страна нема да му наштети на закрепнувањето, посочува проф. д-р Петрески.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вели дека мерките се донесени во период кога од пандемијата биле погодени и граѓаните и стопанството и најдобра потврда за нивната оправданост е оценката од ММФ.

Вкупните предвидени мерки беа на ниво од 1,1 милијарда евра, а последните проекции се дека тоа што е инвестирано, т.е. што е вратено е приближно една милијарда. Јас не практикувам да кажувам што постигнавме, но последниот извештај на ММФ докажува дека сите мерки што Владата ги донесе преку шесте пакети имаат позитивно влијание врз намалување на невработеноста и севкупно на економскиот пад на земјата. Ме охрабрува што такво признание доаѓа од ММФ, истакна неодамна Битиќи.

Смета дека сега кога економијата веќе закрепнува, фокусот треба да биде ставен на развојните мерки кои ќе им помогнат на компаниите да ги унапредат своите технологии и да имаат додадена вредност.

Се залагам да не зборуваме за интервентни мерки, туку за сет на мерки кои се развојни и помагаат. Затоа продолжуваме со сите редовни програми на Владата за поддршка на инвестициите, дури ги подобривме условите со цел компаниите кои сега се обидуваат да влезат во инвестициски циклус, да ги поддржиме уште повеќе од она што ги поддржувавме, но и да генерираме нови програми, вели Битиќи.

Сепак, додава дека се следат сите случувања и дека во Буџетот за 2022 година има 100 милиони евра во т.н. програма за помош што ќе се користи за енергетската криза и евентуално за помош на стопанството и граѓаните ако се увиди дека економски има голем импакт врз нив.

Според поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, земјава успеала да ги ублажи последиците од кризата предизвикана од пандемијата, но сега се соочува со енергетска криза која може да има големи последици. Препорачува да се престане со популистичките мерки.

Мислам дека новата влада треба да престане со популистичките мерки. Најавите дека нема да се зголеми многу цената на струјата се штетни за граѓаните, затоа што загубите на компаниите снабдувачи ќе се плаќаат од буџетот, а тоа ќе го плаќаат граѓаните. Се се плаќа, само се менува формата, вели Хајредини.

Енергетската независност, посочува Хајредини, не се решава со малку пари, пропуштено е многу во изминатите 30 години. Електраните се амортизирани и ќе требаат огромни инвестиции да се одржат, а скапо е и нашето производство бидејќи мораме да набавуваме јаглен од Косово, а транспортот е скап.

Потребно е штедење, дисциплина од сите страни, штедење на енергија, да се намалат трошоците за енергија. Не се решава овој проблем брзо. Треба да се помириме со реалноста, подвлекува Хајредини.

Малите инвестиции во енергетиката во изминатите 30 години се посочуваат како една од причините за повисоката цена на струјата. Во последните 30 години поголеми капацитети што ги направила државата се хидроелектраната „Козјак“ со инсталирана моќност од 80 мегавати, хидроелектраната „Света Петка“ со 35 мегавати и ветерната електрана „Богданци“ со 36,8 мегавати или вкупно се направени капацитети со инсталирана моќност од околу 145 мегавати. Изградена е и постројката ТЕ-ТО, која е приватна инвестиција, со моќност од 220 до 230 мегавати. Сите останати инвестиции се во обновливи извори на енергија како мали хидроелектрани, фотоволтаици и биогасни електрани со вкупна моќност од 200 мегавати.

Факт е дека во земјава во изминатите 30 години живееме на старата слава од златните времиња во енергетиката кога се изградија трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино и некои хидроелектрани. РЕК Битола беше предвидено да работи до 2020 година, а работи и сега, но со јаглен кој е со многу послаб квалитет од тоа што треба да биде и поради тоа имаат проблеми во нивното тековно работење. Имаат испади и работат со намален капацитет. Сега сме доведени во ситуација да увезуваме јаглен, бидејќи немаме домашен за да обезбедиме производство на електрична енергија, но трошокот за увоз на јаглен е повисок од трошокот за компање јаглен кој го имаме кај нас, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во неодамнешната изјава за МИА.

Она што треба да се направи, според Бислимоски, е во наредниот период да се обезбеди базна енергија преку когенеративни постројки или гасни електрани, а на краток рок потребни се брзи инвестиции и најбрзо што може да се направи се фотоволтаиците

економија Закрепнување Македонија Марјан Петрески Марко Бислимовски Фатмир Битиќи Џевдет Хајредини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.