Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов ја поскапи водата за „Железара“ која не плаќала ништо до 2016

0
By Нова ТВ on March 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 1, 2018 14:10

На предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на Град Скопје денеска изгласа зголемена цена на водата за „РЖ Услуги АД Скопје“ (комплексот Железара).

За предлогот на Шилегов за поскапување на водата за Железара, гласаа 38 советници, односно сите присутни на  денешната седница.

Железара воопшто не плаќала за вода од 1997 година до почетокот на 2016 година, кога почнала да плаќа симболична цена од 2,54 денари, а од 2017 година 3,55 денари за кубен метар вода.

Сумата што ја плаќале досега е за 10 пати пониска од цената што ја плаќаат жителите на Скопје, а околу 16 пати пониска од цената што ја плаќаат другите правни субјекти во Скопје.

– Со новата цена што ќе ја плаќа „РЖ Услуги АД Скопје“ ќе го подобриме и финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ и се отвора доволно простор тоа да побара од Регулаторната комисија да ја преиспита цената на водата во градот Скопје, а јавното  претпријатие да може да ги сервисира обврските коишто произлегуваат од изработка на колекторскиот систем и пречистителната станица во 2022 година, рече Шилегов на седницата.

Цената на водата што ќе ја плаќа Железара за 2018 година ќе изнесува 11,65 денари за кубен метар вода, во 2019 година 22,75 денари, 2020 година 34,20 денари, за во 2021 година истата да биде 46,63 денари за кубен метар вода.

вода Град Скопје Железара Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.