Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Со пари од Скопје 2014 ги реконструиравме сите 23 средни училишта во градот

0
By НОВА ТВ Balaban on October 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 29, 2021 15:33

Исклучително важно е да се потсетиме – овие реконструкции на фасадите ги започнавме пред 3,5 години, со пренамена на средства во висина од 70 милиони денари кои тогаш беа наменети за барокни фасади во центарот на градот како дел од криминалниот проект Скопје 2014. И токму тука е главната разлика на она што го правиме денес и она што некој друг го правеше во минатото. Додека некој правеше фасади од стиропор и споменици од бронза ние реконструираме средни училишта, градиме нови булевари, развиваме велосипедска мрежа, нагласи Шилегов.

Денес сакам да потсетам на уште една клучна разлика меѓу движењето напред кон прогресот и развојот на Скопје и влечењето назад заради нечии криминални интереси. Оваа година ја започнавме реконструкцијата на објектот на средното училиште Кочо Рацин во скопската општина Ѓорче Петров. За оваа реконструкција инвестиравме 52 милиони денари од Буџетот на Град Скопје.  „Кочо Рацин“ е последното 14-то училиште кое добива нова енергетски ефикасна фасада, а други реконструкции на објектите беа направени во сите 23 средни училишта на Град Скопје, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

– Исклучително важно е да се потсетиме – овие реконструкции на фасадите ги започнавме пред 3,5 години, со пренамена на средства во висина од 70 милиони денари кои тогаш беа наменети за барокни фасади во центарот на градот како дел од криминалниот проект Скопје 2014. И токму тука е главната разлика на она што го правиме денес и она што некој друг го правеше во минатото. Додека некој правеше фасади од стиропор и споменици од бронза ние реконструираме средни училишта, градиме нови булевари, развиваме велосипедска мрежа, нагласи Шилегов.

– Нашите приоритети ги одредија граѓаните, нивните ги одредува Груевски, кој сега токму заради тоа е во Будимпешта. Денес, со гордост можам да кажам дека ја остваривме и оваа цел – сите средни училишта на Град Скопје да имаат енергетски ефикасни фасади и просторни услови за нормално одвивање на образовниот процес, порача Шилегов.

Тоа го направивме и за учениците и за вработените во училиштата. Нашите деца, нашите најсакани, заслужуваат да учат во подобри услови. Нашите наставници, луѓето од оваа исклучително тешка и благородна професија, заслужуваат да работат во подобри услови, потенцираше Шилегов.

– Чистата енергија која води до чиста животна средина е наша важна стратешка заложба која се проткајува низ речи си сите проекти кои ги реализиравме во изминатиот период. Скопје може и мора да биде енергетски–ефикасен град, бидејќи Скопје е град за сите и Скопје е една поинаква приказна, додаде Шилегов.

– Скопје може и мора да продолжи напред со создавањето на квалитетни услови за образование на нашите деца, на нашите најсакани. За да можеме да продолжиме заедно во оваа насока, во недела е потребен вашиот глас.  Ајде да се обединиме за прогресот на Скопје. Секој глас е важен. Секој глас одлучува. Да не дозволиме Скопје да се врати назад и наместо да вложуваме во едукација и образование, да трошат на камен, стиропор и бронза. Вие одлучувате. Скопје мора да продолжи напред. Нашите деца, сите ние го заслужуваме тоа, повика Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

 

 

 

пари Петре Шилегов реконструиравме Скопје 2014 средни училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.