Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Труењето на кучињата е кривично дело

0
By Нова ТВ on December 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 11, 2017 15:49

Обезбедување контрола на бројот на уличните кучиње по пат на хумано и одговорно стационирање и третирање на животните е единственото системско решение за проблемот со кучињата скитници со кои деновиве имаше неколку инциденти во кои беа нападнати повеќе жители на Скопје.

За ова решение денеска на прес-конференција информираше градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, како и за регулирање на одговорностите на сопствениците на домашни миленици за спречување на инцидентите во градот.

– Работиме на чипирање на сите кучиња во соработка со Агенцијата за храна и ветерина (АХВ). Ова е процес кој одзема долг временски период и апелирам на разбирање од страна на граѓаните, рече Шилегов и додаде дека се работи за проблем кој подолго време бил игнориран од локалната самоуправа.

Градоначалникот повика граѓаните да престанат да поставуваат отров за кучињата, кои по инцидентот со каснување од напуштено расно куче, во Аеродром, Центар и Карпош прнајдени се повеќе отруени кучиња. Ова, рече Шилегов, претсавува кривично дело поврзано со насилство врз животните, а воедно и опасност врз животот на децата кои најчето си играат во парковите каде има расфрлан отров.

Тој ги повика сите кои ќе забележат фрлен отров да пријават во полиција. Информираше дека до сега има само две пријави, една за отруени кучиња, а другата за поставување отров од непознати лица.

Според Шилегов Градот Скопје во соработка со АХВ за една до две години треба да изработи регистар на чипирани домашни и кучиња скитници, а во втората фаза ќе бидат опфатени и мачките и останатите миленичиња.

Градоначалникот информираше дека формирал работна група за следење на состојбата во работата на стационарот за хуман третман на уличните кучиња.

Град Скопје кучиња отров Петре Шилегов труење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.