Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Широк опозициски фронт дo избори – идеја далеку од реализација

1
By Нова ТВ on September 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 20, 2016 11:52

Анализата е достапна на албански јазик на следниот линк.

Најавите на најголемата опозициска партија СДСМ дека на Конгресот на 2. октомври ќе се расправа за предлогот на раководството наместо „обична“ партиска коалиција, да се создаде широк фронт не ги изненадува помалите партии.

Тие велат дека во моментов се вршат проценки со општинските организации и секоја партија анализира која е најдобрата опција за настап на избори. Дел поддржуваат, дел предлагаат различни идеи од СДСМ.

Дел од помалите партии не сакаат да ги предводи СДСМ

Помалите опозициски партии се уште размислуваат која опција е најдобра за пораз на актуелната власт на претстојните избори закажани за 11. декември. Од партијата за демократска обнова на Македонија (ДОМ) велат дека се гради внатрепартискиот став, а не се исклучува можноста и за коалиција.

-Гледаме дека ситуацијата е специфична и во вакви услови нам ни е важно да се случат демократски промени, затоа не би си дозволиле да ги попречиме тие можности. Моментално сме во фаза на консултации и го градиме внатрепартискиот став. Размислуваме и за коалиција, но се е во рамки на дебата, вели Лилјана Поповска од партијата ДОМ.

Лилјана Поповска - претседателка на ДОМ
Лилјана Поповска – претседателка на ДОМ

Јове Кекеновски од Движењето ФРОДЕМ вели дека постои висок процент на разочарано гласачко тело, кое не би гласало за ВМРО-ДПМНЕЕ, но не би ги поддржале ниту СДСМ. Според него, може да се разговара за Сојуз на опозициски блокови, но не и за широк фронт предводен од СДСМ.

-Нас ни е повеќе од јасно дека има од 35 до 40 отсто незадоволни гласачи од двете најголеми партии, Затоа сметаме дека со два опозициски блок можеме да имаме поголем успех и да го поразиме Груевски. Поучени од искуството од коалицирањето на Љупчо Георгиевски и Бранко Црвенковски кои на времето доживеаа дебакл, сметаме дека не е паметно да се приклучуваме на фронт предводен од СДСМ, туку да говориме за Сојуз на опозиционите блокови. Сметам дека без проблем би се изготвиле и кандидатските листи. Така ние би се оградиле од СДСМ, а ќе придонесеме кон пад на власта, вели Кекеновски кој додава дека третиот блок наречен Коалицијата за промени и правда допрва ќе се окрупнува.

Јове Кекеновски - основач на движењето ФРОДЕМ
Јове Кекеновски – основач на движењето ФРОДЕМ

Од партијата Левица пак предлагаат опозицијата да поддржи листи составени од исклучиво непартиски кандидати.

-Бидејќи очигледно тешко оди обединувањето на опозицијата, ќе предложиме сите опозициони партии да поддржат листи која ќе биде составена од исклучиво непартиски кандидати. Под тоа подразбираме да влезат луѓе од граѓанскиот сектор и учесници од протестните движења, кои исклучиво ќе имаат мандат за експертска влада која пак ќе биде задолжена за одржување на нормални избори понатаму, вели за НОВА Гоце Маркоски од Левица.

Гоце Маркоски - член на Левица
Гоце Маркоски – член на Левица

Широкиот фронт барем засега останува предмет на анализа, додека од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ нема најава за други промени, откако коалицијата ја напуштија Демократскиот сојуз и ДОМ.

Соединување на албанската опозиција?

Волја за соработка постои и помеѓу албанската опозиција но сепак се уште нема конкретни чекори во таа насока. Ова е ставот на непарламентарните албански политички партии во Македонија.

„Ние сме убедени дека ДУИ, помогната од „началниците“ на ВМРО-ДПМНЕ, може да се победи без некој посебен опозициски блок. Всушност, БЕСА е подготвена сама да ја победи коалицијата на неуспеси, измами и скандали, но – повторуваме не ја исклучуваме можноста за формирање на некаква опозициска албанска коалиција“, изјави портпаролот на партијата, Фатон Фазлиу.

Фатон Фазлиу - портпарол на партијата БЕСА
Фатон Фазлиу – портпарол на партијата БЕСА

Од ДПА пак велат дека се работи во насока на зближување на ставовите и тие имале интерес да ја унапредат уште повеќе соработката на опозицијата.

Според партијата Унитети, нивната платформа е отворена за соработка со сите партии освен за ДУИ и ДПА.

„Партиите формираа соодветни комисии за ова прашање и јас верувам дека наскоро ќе видиме дали е можно на изборите да излеземе со една заедничка листа на албанска опозициска коалиција“, изјави генералниот секретар на оваа партија, Мухамед Исмаили.

Претседателот на ПДП, Фатон Алити, вели дека за ова прашање, неговата партија е секогаш отворена.

„Се разбира за да има соработока, прво треба да постои волја и да се тргнат настрана каприците“, изјави Алити за Порталб.

Што подразбира широкиот фронт?

Заменик – претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска вчера во изјава за ПлусИнфо рече дека на партискиот Конгрес на почетокот на идниот месец ќе се расправа и за чувствителното прашање за коалицирање, додека во средината на ноември ќе се одржи уште еден конгрес, на кој ќе се расправа за кандидатските листи.

Широкиот фронт е предмет на анализа на СДСМ, но и на сите опозиционо поставени политички субјекти, индивидуалци и граѓански организации, најави и опозицискиот лидер Зоран Заев во минатонеделното интервју на НОВА Дебата.

-Се согласивме дека ние не сме најпаметните да се водиме само до нашите чувства. СДС е подготвена да им понуди на сите да се вградат во процесот, но исто така СДСМ ќе има целосно разбирање ако студиите ни покажат дека тоа што е продесно со своја ориентација, во моментов се прават теренски анкети и студии што е тоа што е најконвегентно за успех, за победа на режимот, рече Заев.

(Автори: Славица Филиповска и Џенис Сулимани)

Сторијата е продукт на соработка помеѓу НОВА и ПортАлб.

албански партии избори опозиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.