Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шкариќ: Со години тврдам дека функција потпретседател на Влада нема

0
By Нова ТВ on March 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 13, 2018 15:05

Универзитетскиот професор по Уставно право, Светомир Шкариќ, во изјава за НОВА вели дека Уставниот суд донел правилна одлука со укинувањето на членот 14 од Законот за плата и други надоместоци на пратениците во делот „потпретседател на Влада“ бидејќи таква функција според Уставот не постои во правниот поредок на земјава.

Шкариќ додава дека тој уште од 1990-те во своите учебници пишувал дека според Уставот, Владата ја сочинуваат претседател и министри и дека сите други функции – потпретседател или заменик-претседател се неуставни.

„Според Уставниот суд не постои функцијата потпретседател на Влада, бидејќи Уставот не ја предвидува.  Владата може да има само претседател и министри сите други функции се неуставни и по аналогија на Уставниот суд не само што не можат да примаат плата (како потпретседатели)  туку не можат ниту да се претставуваат како потпретседатели и заменици на претседателот“,  вели професорот.

Според него би било коректно Владата да се ослободи од овие функции.

„Станува збор за јавна функција и како таква не може да биде доделена надвор од Уставот, особено кога е во прашање Владата, таа е централен орган и нејзиниот состав целосно се уредува согласно Уставот и не може да се додаваат функции, не може Собранието да креира нови функции  –  потпретседател, заменик-претседател на Влада“, вели Шкариќ.

Од Владата, кратко за НОВА одговорија дека тие не коментираат одлуки на Уставен суд и дека од моментот кога одлуката ќе се најде во Службен весник, за нив е правосилна.

Во одлуката на Уставниот суд, меѓу другото, е наведено дека од анализата на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, произлегува дека законодавецот определил коефициент за утврдување на плата на претседателот на Владата, на потпретседателот на Владата и на членовите на Владата.

Меѓутоа, стои во одлуката, од одредбите на Уставот и Законот за Владата, произлегува дека Владата ја сочинуваат претседател на Владата и министри и дека не постои функција потпретседател на Влада.

„Оттука произлегува дека со Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се утврдува коефициент за утврдување на плата за функција која не постои во Република Македонија“, пишува во одлуката.

вицепремиер одлука потпретседател Светомир Шкариќ Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.