Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што би значело повторното отварање на границите на ЕУ?

0
By НОВА ТВ on April 28, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 28, 2021 17:10

Претседателката на Европската Комисија Урсула вон дер Лајен изјави дека ЕУ државите би сакале да ги примат американските туристи кои се имаат вакцинирано ова лето, но Politico пишува дека со оваа изјава вон дер Лајен само пробува да ги стигне европските држави кои веќе имаат вакви планови. На пример, Хрватска и Грција, две ЕУ членки чија економија се потпира многу на туризмот, веќе објавија дека се отворени за патници во САД; Исланд, кој е дел од без визната Шенген зона на ЕУ го изјави истото.

Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис веќе има изјавено дека Грција ќе ги отвори нејзините граници на 14ти мај ако тие што сакаат да влезат во Грција покажат негативен Ковид тест или пак потврда дека се вакцинирани. Исто така расте листата на држави од кои нема да се бара задолжителен карантин при влез на нивните државјани во Грција. Односно тие држави се: Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Руанда, Русија, Сингапур, земјите членки на ЕУ и на Шенген зоната, како и државјаните на Велика Британија, САД, Обединетите Арапски Емирати, Србија и Израел, но не и Северна Македонија, Турција и Албанија.

Сепак, на редовната дневна прес-конференција на Комисијата во понеделникот, официјалните лица признаа дека правилата за патување на ЕУ се само препорака што националните влади можат да ја игнорираат, а исто така немаат никаква обврска да го известуваат Брисел за какви било отстапувања. Има различни реакции и предлози околу како точно да се одвива туристичкото патување ова лето.

„Ние работиме напорно за да предложиме многу конкретно решение, особено за граѓаните на САД кои се вакцинирани, кои потенцијално би можеле да добијат посебна дозвола за патување“, кажа францускиот претседател Емануел Макрон во интервју со CBS News.

Но, не сите се толку ентузијастични за туризмот кој би се случил летово. Анонимен ЕУ дипломат го кажа следното за Politico: „Разбирам дека земјите што зависат од американски туристи како Франција ја имаат оваа желба.“ Но, „голем дел од земји-членки сакаат да бидат сигурни да избегнат проблеми со новите Ковид варијанти“, рече дипломатот.

Секако се работи и на дигитални решенија кои би помогнале во овозможувањето на туризмот. Таканаречените „дигитални зелени сертификати“ на ЕУ првично беа замислени како начин за олеснување на патувањето меѓу земјите-членки на ЕУ, од кои многумина сè уште наметнуваат ограничувања на патувањето дури и на граѓаните на ЕУ. Но, многумина во земјите со големи туристички сектори, исто така се надеваат дека сертификатите ќе можат да помогнат во заживување на патувањето за време на летниот одмор.

Сѐ уште не е јасно дали овие „дигитални зелени сертификати“ ќе бидат слични на предлозите околу контроверзните „вакцинациски пасоши“, односно дигитални идентитети и сертификати преку кои тие кои ги поседуваат би можеле да докажат дека се вакцинирани или пак дека неодамна имале негативен Ковид тест. Не секој може да се вакцинира или поради немање пристап до вакцини или пак заради медицински причини – тие што не сакаат да се вакцинираат, а можат да го направат тоа се во тотално друга категорија.

Но политичари од различни страни на политичкиот спектар, како и активисти и научници, се скептични по ова прашање. На пример, еден напис од медицинското списание The Lancet вели: „[Вакцинациските пасоши] создаваат ризик да генерираат хиерархиски општества во кои вакцинираните лица би имале ексклузивни привилегии што би им биле одбиени на оние кои не ја примиле вакцината.“ Така што ќе видиме какви потенцијални хиерархии ќе се создадат во светот за време на летните одмори оваа година.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.