НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што мислат Грците за нас и спорот за името

0
By Влатко Чаловски on October 6, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Расположението кај грчката јавност за решавање на дводеценискиот проблем со името „Македонија“ е песимистичко и интровертно, покажува анализата на грчките автори Јоанис Армаколас и Јоргос Сиакас насловена како „Грчкото јавно мнение и ставови за „проблемот со името и ПЈРМ“, објавена во септември 2016 година и е прва од ваков вид истражување.

Генералниот заклучок од истражувањето е дека јавното мнение е строго песимистичко, интровертно и со голема доза на недоверба кон меѓународните фактори од една страна и емоциоанално во своите ставови кога се работи за прашањето со името, што резултира со „одбивачки став“.

„Нашето истражување покажува дека 25 години по „македонското прашање“, проблемот не е заборавен од Грците и останува отворено и релевантно прашање“, велат авторите.

Грците се песимисти дека наскоро ќе се реши прашањето помеѓу Атина и Скопје, а голем дел од разочарувањето поттекнува од мешавина на ограниченост и песимизам кој владее во грчкото јавно мнение, не само поради прашањето со името туку и меѓународните фактори.

Она што директно може да се заклучи е дека мнозинството од испитаните Грци веднаш го отфрлаат било кое решение кое во себе го содржи зборот „Македонија“ за нивниот северен сосед, односно за Република Македонија.

Во голема мера, нивното расположение е со доза на недоверба кон можните идни интенции на официјално Скопје како и кон другите меѓународни организации кои би помогнале во решението.

ПРАШАЊЕТО СО ИМЕТО

Испитаниците во истражувањето на авторите Јоанис Армаколас и Јоргос Сиакас, сметаат дека прашањето за името е многу важно. Дури 58 отсто од нив, веруваат дека се работи за сериозно прашање кое бара решение што е можно побрзо, а дополнително, уште 19 отсто сметаат дека се работи за важно прашање. Само 10 отсто сметаат дека е пропратно прашање на кое не треба да му се дава голема важност.

Она што може да се забележи во истражувањето е дека високи 71 отсто од испитаниците, сметаат дека одложувањето на решението е на штета на Грција.

Против било какво решение за спорот со името, а кое го содржи зборот „Македонија“ се дури 57% од испитаниците, додека 28% би прифатиле мешовито име. Мал е бројот на испитаници кои Република Македонија би ја прифатиле под уставното име, односно само 10 отсто.

Од нив, жените за нијанса се потврди и не би прифатиле компромис, како и испитаниците на возраст од 34-55 години. Младите сепак се полабави и би прифатиле компромис за името.

Испитаниците на возраст од 18 до 34 години се четири пати порасположени од постарите кои се над 55 години и три пати порасположени од старосната класификација од 34 до 55 години, за да ја прифатат Македонија под уставното име за да се реши проблемот кој трае над две децении.

Ако дополнително се категоризираат они кои одговориле во истражувањето на Армаколас и Сиакас, луѓето кои почесто илегувале од границите на Грција и либералите се поотворени од конзервативците и понесоцијализираните граѓани на Грција.

За ваквото генерално расположение, во кое недостига чувство за компромис за името кај Грците, се наведуваат повеќе фактори.

Пред се, поради несигурноста од последиците ако се употребува името „Македонија“, потоа недоверба кон државата која Грција ја нарекува ПЈРМ, како и недоверба кон трети страни кои се инволвирани во изнаоѓањето на решение. Во помала мера, но со влијание, авторите на истражувањето заклучуваат дека придонесуваат и недовербата во предностите од билатерални економски односи меѓу двете земји, како и прашањето со мигрантите.

42.5 отсто од испитаниците целосно се согласуваат и 13 отсто од нив делумно се согласуваат дека решение со името „Македонија“ претставува закана кон територијалниот интегритет на Грција, а само 26 отсто не се осгласуваат со ова, односно 11 отсто целосно не се согласуваат дека Република Македонија би имала територијални претензии кон својот јужен сосед.

Ваквиот став преовладува кај поголем број жени, како и луѓето кои се на возраст од 35 до 54 години, додека помладите на возраст од 18-35 години, како и прогресивците, ја отфрлаат ваквата теорија за територијални претензии.

МИСЛЕЊЕТО НА ГРЦИТЕ ЗА СВОИТЕ СОСЕДИ, ЕВРОПА, МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРАНИЗАЦИИ  И ПРАШАЊЕТО СО ИМЕТО

Грците немаат доверба кон европските институции и меѓународните организации. Скептицизмот кон ЕУ и европските институции е во пораст, поддршката кон Русија е зголемена, недовербата кон САД и Германија е во пораст, а ослабена е и вербата во НАТО.

Што се однесува на мислењето за своите соседи, само Србија ужива позитивни оценки, со над 40 отсто поддршка од грчкото општество. Мислењето за Македонија е негативно или многу негативно, изразено со 61.1 отсто, и само односот кон Турција е изразен со понегативни бројки, дури 69.5 отсо од испитаниците се изјасниле негативно.

ПЕСИМИЗАМ ЗА „ТЕЖИНАТА НА ГРЦИЈА“ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА

Според резултите, песимизмот изобилува во делот на меѓународната положба на Грција. Дури 72 отсто од испитаниците сметаат дека позицијата на Грција е ослабена споредено со 2015 година, додека 20.5 отсто сметаат дека истата е непроменета.

За во 2017 година, 52.5 отсто од грчките испитаници сметаат дека грчката позиција дополнително ќе биде намалена, додека 25 отсто сметаат дека ќе остане иста, по што може да се заклучи дека огромна бројка на Грци смета дека тежината на „грчкиот збор“ во меѓународните односи, сигурно опаѓа.

 

Грција името истражување Македонија НАТО прашањето за името расположение ЕУ уставно име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.