Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што пишува, а што не пишува во Вториот протокол

0
By Zoran Ivanov on June 11, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 11, 2026 06:52

Во правото, дипломатијата и меѓународните односи зборовите не се украс. Тие се суштина. Не е исто дали некој „се согласува“, „се обврзува“, „гарантира“, „прифаќа“, „ќе спроведе“, или, пак, „поддржува“ и „охрабрува“.

Васко Попетревски

Му благодарам на колегата Бранко Героски што со својот текст „Нема погрешни интерпретации на Вториот протокол, претседателке Силјановска Давкова, сè е јасно како бел ден“ (по интервјуто на шефицата на државата за емисијата „360 степени“ на МРТ 1), ја продолжува јавната дебата за Вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија од јули 2022 година. Подобро доцна отколку никогаш.

Всушност, токму тоа е една од слабостите на македонската јавна сцена во летото 2022 година. Наместо да се отвори широка и детална расправа за содржината на документите што произлегоа од тогашниот договор и Преговарачката рамка, доминираа политички позиции, навивачки толкувања и однапред формирани заклучоци. Во таква атмосфера, многу малку луѓе навистина ги читаа документите, а уште помалку се обидуваа да ги анализираат пасус по пасус, реченица по реченица.

Токму затоа е корисно што четири години подоцна повторно разговараме за нив. Не затоа што ќе се согласиме за сè, туку затоа што сериозните државни прашања заслужуваат сериозна анализа. Почетниот проблем е што во обидот да се докаже дека нема „погрешни интерпретации“ на Вториот протокол, се прави интерпретација која не произлегува од текстот на документот.

Поддршка и охрабрување наспроти обврска

Клучната реченица на несогласување гласи: „Двете држави ја поддржуваат и ја охрабруваат Комисијата да ја заврши работата за сите периоди од заедничката историја, кои ги поврзува двете држави и нивните народи, во согласност со член 8 став 2 од Договорот, со цел целосно имплементирање на тие нејзини препораки во образовните програми до членството на Северна Македонија во ЕУ.“

Според колегата Героски и според многу други, ова е доволно јасно и значи дека Комисијата мора да ја заврши работата, а државите (Македонија и Бугарија) мора да ги спроведат резултатите. Но, текстот не го кажува тоа. Во правото, дипломатијата и меѓународните односи зборовите не се украс. Тие се суштина. Не е исто дали некој „се согласува“, „се обврзува“, „гарантира“, „прифаќа“, „ќе спроведе“, или, пак, „поддржува“ и „охрабрува“.

Да почнеме од наједноставното. Според речничкото значење, да се „поддржи“ значи да се помогне, да се даде поткрепа или поддршка на нечие дејствување. Да се „охрабри“ значи да се поттикне, да се мотивира или да се даде дополнителен стимул некој да продолжи со одредена активност.

Но, ниту еден од овие глаголи не значи „да се наложи“, „да се нареди“ или „да се обврзе“. На пример, секојдневно меѓународни претставници ја охрабруваат власта да го преземе следниот чекор и да го продолжи пристапниот процес за Македонија да стане членка на Европската Унија. Дали тоа охрабрување произведува правна последица?

Всушност, во самиот Протокол постои уште подобар пример за тоа. Кога станува збор за уставните измени, формулацијата гласи: „Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција … да се одржи откако во сила ќе влезе измената на Уставот…“ Ова е јазик на преземање обврска. Ова е јазик што создава последица.

Во делот за историската комисија не стои дека двете држави ќе наложат завршување на работата. Не стои дека Комисијата е должна да ги заврши сите периоди до одреден рок. Не стои ни дека владите ќе ѝ диктираат заклучоци. Стои дека ја поддржуваат и ја охрабруваат. Разликата не е семантичка финеса. Таа е суштинска.

Особено затоа што историската комисија не е владино тело составено од политичари, туку експертско тело составено од научници со свој интегритет. Во демократски систем, владите можат да создаваат услови за работа на историчарите, можат да ги поддржуваат или да ги охрабруваат, но не можат да им налагаат научни заклучоци. Затоа текстот на Протоколот оди по една тенка линија: од една страна, да покаже политичка волја процесот да продолжи, а од друга, да не премине во експлицитно наложување на научни резултати. И, впрочем, зошто би стравувале од заклучоците до кои би стигнале научниците во историската комисија кога до заклучок не може да се дојде ако макар еден од нив, независно од која страна – македонска или бугарска – не се согласи со тоа? А ако нема заклучок, не може да има ни негово спроведување.

Како се стигна до поддршка и охрабрување

За да се разбере зошто оваа формулација (за поддршка и охрабрување) е важна, треба да се вратиме неколку години наназад. Во 2019 година бугарската влада усвои Рамковна позиција за европската интеграција на Северна Македонија, а бугарското Народно собрание ја потврди со посебна декларација.

Рамковна позиција на владата на Бугарија од 2019 г.

Декларација на Народното собрание на Бугарија од 2019 г.

Во тие документи, барањата кон заедничката историска комисија беа формулирани многу поцврсто и многу подиректно. Бугарија тогаш инсистираше напредокот во евроинтеграциите на земјава да биде непосредно поврзан со конкретни резултати од работата на Комисијата и со спроведување на тие резултати. Во бугарската почетна позиција од 2019 г., како услов за одржување на Првата меѓувладина конференција, меѓу другото, се бараше: „постигнување конкретни резултати во работата на Комисијата, верификувани од Заедничка меѓувладина комисија, во однос на периодот од нашата заедничка историја до 1944 година, вклучително и постигнување договор за Гоце Делчев, ВМОРО-ВМРО и Илинденско-Преображенското востание“. Дали ова е содржано во Вториот протокол?

Оттука, прашањето не е дали Протоколот е добар или лош. Прашањето е што навистина пишува во тој добар или лош документ. Таму пишува дека двете држави ја поддржуваат и ја охрабруваат Комисијата. Не пишува дека ја задолжуваат. Не пишува дека ѝ наредуваат. Не пишува дека ѝ налагаат научни заклучоци.

Протоколот и Преговарачката рамка

Героски е во право кога вели дека значењето на Вториот протокол не може да се анализира изолирано од Преговарачката рамка. Но, мислам дека притоа се преценува степенот до кој обврските од спроведувањето во добар дух на Договорот за добрососедство и од протоколите се „изедначени“ со Копенхашките критериуми.

Ако внимателно се прочита Преговарачката рамка, ќе се види дека за спроведувањето на Договорот и на протоколите не се предвидени посебни патокази, акциски планови, преодни мерила или завршни бенчмаркови, какви што постојат во други делови од пристапниот процес. Од државите се очекува тие обврски да ги спроведуваат во духот во кој се потпишани – како инструменти за добрососедство.

Дополнително, Преговарачката рамка не ѝ ја доверува оценката за спроведувањето на Договорот и протоколите на Бугарија. Напротив, во неа јасно стои: „(Европската) комисија ќе посвети посебно внимание на обврските на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во став 5 и ќе ја информира меѓувладината конференција за нивното спроведување“.

Треба да се забележи и што не пишува во оваа реченица. Не пишува дека Европската комисија ќе подготвува посебни извештаи, ниту дека ќе воспоставува нов механизам за мониторинг. Таа ќе ја информира Меѓувладината конференција за состојбата со спроведувањето. Значи, прашањето не е дали постои механизам за следење и оценка – постои. Прашањето е дали е подобро тој да биде во рацете на Европската комисија, како институција која треба да даде поширока и пообјективна оценка, или да биде препуштен на еднострано и субјективно толкување на која било земја членка, вклучително и Бугарија. Одговорот, според мене, не е особено тежок.

Гаранции

И тука доаѓаме до уште едно прашање. Да претпоставиме дека утре магично ќе исчезнат и Вториот протокол и сите референци за него во преговарачките документи. Дали со тоа ќе исчезне проблемот меѓу Софија и Скопје? Дали ќе исчезнат различните погледи кон историјата? Дали ќе исчезнат несогласувањата околу идентитетот, јазикот и историското наследство? Се разбира дека не. Документите не се коренот на проблемот – тој е децениски и ќе остане. Документите се обидуваат да го менаџираат. За таа дебата, секој аргументиран придонес е добредојден. Подобро доцна, отколку никогаш.

На пример, никаде во Преговарачката рамка за Црна Гора не пишува дека треба да го смени името на базенот во Котор, но Хрватска го блокира затворањето на Поглавјето 31, меѓу другото, и поради називот на овој објект.

И затоа се согласувам со Героски дека „ако нашите предци во 1944 година чекаа некој да им даде гаранции за да ја создадат македонската држава во рамките на југословенската федерација и ако нашата генерација во 1991 година чекаше гаранции за да ја осамостоиме Македонија, денес навистина немаше да имаме никаков проблем – немаше да имаме држава“. Па, ако гаранции никој не може да ни даде, тогаш треба ли да ги носиме одлуките со многу повеќе самодовeрба кои сме, што сме и каде сакаме, отколку со страв каде тоа може да нè однесе. Историјата веќе ни го дала одговорот на тоа прашање нам, Македонците.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

Бугарија васко попетрески ЕУ Македонија Протоколи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

ВЕСТИ June 11, 2026

Бугарски медиуми објавија дека во најновиот извештај на Европскиот парламент за Северна Македонија се повикува…

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.