Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шулц: Замислете Полска и Балтикот да не беа членки на ЕУ

0
By Нова ТВ on January 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел ги потцени културните разлики помеѓу Источна и Западна Европа но политичката ситуација на континентот ќе беше полоша доколку источните земји не беа примени во ЕУ, изјави Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парлемент (ЕП) во интервју за Sueddeutsche Zeitung.

“Со оглед на сегашниот политички став на Русија, замислете Полска и балтичките земји да не беа членки на ЕУ? Ќе имаше длабока неизвесност на целиот континент и можен страв од војна. Затоа беше историски добро да се примат овие земји и исто така беше добро што се воведе еврото”, вели Шулц.

Првиот човек на ЕП е убеден во доброто на европската идеја но смета дека некои политичари живеат во “бриселскиот меур” и загубиле допир со загриженоста на нивните гласачи.

Според него голем проблем е тоа што националните лидери не успеале да им ја објаснат на нивните гласачи учеството во европскиот проект и зошто некои компетенции на владите се префрлаат во Брисел:

“Истите луѓе кои климаат со глава во Брисел, дома тврдат дека некои анонимни сили им прават пресија. Тоа е смртно опасно”, тврди Шулц.

Шулц вели дека генерацијата на политичари како Хелмут Кол и Франсоа Митеран доаѓале во Брисел со став дека Европа треба да биде силна во интерес на нивната сопствена земја:

“Генерацијата на Виктор Орбан вели – треба да ги браниме интересите на нашата земја од Европа. Како да некој од Брисел ги напаѓа”, вели Шулц.

Според него, ЕУ ќе биде моќна онолку колку што националните влади на земјите членки тоа ќе го дозволат.

Мартин Шулц е пратеник во ЕП од 1994 година и подоцна избран за претседател. Наскоро тој ја напушта оваа фукнција и се враќа на германската политичка сцена.

балтички земји ЕУ Мартин Шулц Полска Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.