Шефицата на шведската дипломатија Ан Линде денеска ќе престојува во Скопје на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Посетата, пред сè, е од аспект на овогодинешното претседавање на Кралството Шведска со ОБСЕ, па оттаму разговорите меѓу Османи и Линде ќе бидат фокусирани на приоритетите на шведското претседателство, за очекувањата и тенденциите за наредниот период, како и за предизвиците на ОБСЕ што се очекува да бидат одредница за нашето претседателствување во 2023 година.
Покрај овие теми, Османи и Линде ќе разговараат за евроинтегративниот процес на Македонија, при што се очекува да биде реафирмирана поддршката што Македонија ја има од Кралството Шведска.