НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Си-Ен-Ен Бизнис: Стотици милиони европјани и зимава ќе зависат од руското геостратешко „вртење“ на гасните славини

0
By Mirjana on September 22, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Photo: CNN
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цените на европскиот природен гас се зголемија толку високо што стотици милиони луѓе може да се соочат со студени домови или „надуени“ сметки за енергија во текот на зимата. Исто така, постои страв од ценовен удар, бидејќи јаглерод диоксидот што се користи во производството на храна, исто така може да ја поскапи и храната, пишува Ангела Деван од секцијата за Бизнис на Си-Ен-Ен.

Додека светот се буди од пандемијата, зголемувањето на  побарувачката за природен гас предизвика пораст на цените.Кон тоа придонесе и прекинот  во снабдувањето со енергијата од ветер, поради летниот дефицит на ветрови кои беа потребни за нејзино производство.

Но, навистина, европската криза најмногу произлегува од нејзините ресурси на обновливи извори на енергија. Регионот инвестираше многу во обновливи извори, како што се ветер и соларна енергија, но не може да добие доволно од оваа зелена енергија за сите луѓе на кои им е потребна.

Photo: CNN

Откако ОН го објавија својот  најнов извештај за климата во август, предупредувајќи дека светот мора да направи длабоки и одржливи намалувања на емисиите на стакленички гасови оваа деценија, се наметна потребата меѓу политичките лидери да се појави поголемо разбирање врз основа на кое би била побрза и поефикасна транзицијата од фосилни горива.

Меѓутоа, постојат и други стимулации за побрзо движење кон обновливи извори. Поцелосна транзиција ќе ја ослободи Европа од нарушување на нестабилните пазари на енергија и ќе ја намали зависноста од другите даватели на нафта и гас, како што е Русија. Европа би можела да избегне да се заплетка во геополитички бури и да ја задржи својата енергетска безбедност.

Повеќе од 40 пратеници на Европскиот парламент, претежно од источните и балтичките држави, апелираа до Европската комисија да започне истрага против руската државна гасна компанија „Газпром“. Тие се сомневаат дека го ограничувала снабдувањето за да ги зголеми цените и да изврши притисок врз Германија да го забрза лансирањето на „Северен тек 2“, гасовод кој се протега од Русија и под Балтичкото Море до Германија.

„Газпром“ за  Си -Ен -Ен Бизнис изјави дека снабдува  гас за клиенти во странство „во целосна согласност со постојните договорни обврски“ и дека испораките се „на ниво близу до историски рекордното  највисоко ниво“ во последните осум месеци.

Меѓународната агенција за енергија во средата соопшти дека рускиот извоз во Европа е намален од нивото на 2019 година и дека земјата може да направи повеќе за да ги зголеми испораките пред зимата.

„Во однос на руската држава, постојат јасни докази дека го користи својот извоз на гас за сопствена геополитичка корист  и тоа го користи стратешки, не само поради  комерцијален потфат“, рече Метју Патерсон, професор по меѓународна политика, на Универзитетот во Манчестер, кој истражува климатска политика.

„Се користи гасот многу агресивно за да се добие моќ над Украина, но исто така се чини дека Русија го користи гасот и во однос на другите држави од источна и централна Европа“, додаде тој.

Photo: CNN

Европа одамна е светски лидер во обновливите извори на енергија. Минатата година, Европската Унија и Обединетото Кралство користеа повеќе обновлива енергија отколку фосилни горива за производство на електрична енергија.

Но, во исто време, Обединетото Кралство се потпира на гас за околу 40% од својата електрична енергија, додека Европа сеуште инвестира во проширување на ресурсите за обновливи извори на енергија. Според извештајот на Глобалниот енергетски монитор (ГЕМ), Европската унија во моментов има 87 милијарди евра (102 милијарди американски долари) „тешки“ проекти за гас.

Блокот се обидува да го зголеми увозот на гас за 35%, што според ГЕМ е „спротивно со наведената цел на ЕУ за нето-нула емисии на стакленички гасови до 2050 година. Гасот нашироко се сметаше за„ почисто “премостувачко гориво што треба да се користи за време на транзиција од обновливи извори на јаглен за електрична енергија. Но, има некои проблеми со тоа. Додека гасот емитира помалку јаглерод од јагленот и нафтата, тој е претежно направен од метан, многу штетен ефект на стаклена градина што протекува од цевководи и напуштени бунари.

Недостатокот на гас најекстремно се чувствува  во Обединетото Кралство, каде што цените се зголемија четирикратно, додека  некои мали енергетски компании пропаѓаат.

Експертите велат дека актуелната енергетска криза – влошена со недостаток на ветер во Северното Море ова лето – ја нагласува потребата Европа да изгради повеќе обновлива инфраструктура на повеќе места и да ги диверзифицира своите извори.

„Дел од одговорот е да се постават повеќе ветерници на различни места, бидејќи ветерот ако не насекаде, некаде ќе дува“, рече Патерсон.

Обединетото Кралство би можело да истражува повеќе околу хидроенергијата и соларната енергија.

„Луѓето се  убедени дека Велика Британија е сива поради временските услови и не треба да знаете кој знае колку за соларните ќелии за да утврдите дека „потпирањето “ на нив е ирелевантно.

Друг дел од одговорот е фокусирањето  на страната на побарувачката, а не само на страната на понудата, рече Лиза Фишер, која ја води програмата за климатски истражувања  (Е3Г )за декарбонизација на енергетските системи.

„Европа брзо гради обновливи извори на енергија, и додека ние би можеле да одиме побрзо, она што е бавно е критичната акција за намалување на побарувачката на енергија и нејзина пофлексибилност“, рече таа за Си -Ен -Ен Бизнис.

Во Англија и Велс, податоците покажуваат дека домовите што не се новоизградени не ги исполнуваат основните стандарди за енергетска ефикасност.

Европа зависма руски гас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.