Попладнево во 15 часот и 11 минути во близина на Ресен имаше земјотрес со јачина од 3.7 степен според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 10 километри од Ресен.

Земјотресот бил краток и силен, на три километри длабочина, а го почувствувале жителите на Ресен, Охрид и Струга.

Засега нема информации за жртви или материјална штета, граѓаните на социјалните мрежи споделуваат дека земјотресот предизвикал паника и многумина избегале од своите домови.