Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на Клинички од Заев добил сигурни гаранции за поголеми плати

0
By Нова ТВ on December 25, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 25, 2018 14:37

Претседателот на Синдикатот на Клиничкиот центар, Горан Беговиќ по средбата во Владата со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче изјави дека добиле сигурни гаранции од премиерот дека, завршно со првиот квартал, доколку овие трендови во економијата продолжат, дел од тоа ќе оди за зголемување на платите на здравствените работници и дека разговорите ќе продолжат.

– Кога ќе заврши кварталот, кога ќе се види во каква состоба е буџетот и со нов негов ребаланс би се зголемиле коефициентите за здравствените работници. Има разбирање дека доколку овие позитивни трендови од овие два последни месеци во однос на македонската економија и буџетот продолжат завршно со првиот квартал веднаш ќе се пристапи што може од тој буџет, тие приходи повторно да се внесе во платата на здравствените работници и другите вработени во Клиничкиот центар, рече д-р Беговиќ.

Премиерот на средбата им укажал дека Буџетот е изгласан во Собранието, дека има големо разбирање за здравствениот персонал и дека тоа што го ветиле во програмата сака и се надева дека до крајот на 2020 година ќе го реализираат.

– Разгледуваме можности. Дадовме и ние понуди. Заедно со министерот за здравство и со Министерството за финансии ги разгледуваме дали има можност да се најде решение оваа состојба на персоналот на Клинички да се смири, нагласи Беговиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека имаат ветување од министерот за здравство, па и сега од премиерот дека паркингот ќе се врати во владение на Клиничкиот центар.

– Сега се бараат модуси како тој паркинг ние ќе го управуваме, менаџираме. Мислам дека паркингот ќе биде во надлежност на Клинички центар, додаде д-р Беговиќ.

До денешната средба дојде по протестот на вработените во Клиничкиот центар по одлуката на Град Скопје да им ја зголеми цената на месечниот билет за паркирање од 300 на 800 денари. Откако немаше решение околу нивното барање да се поништи одлуката тие побараа разговор со премиерот за да го искажат незадоволството од најавеното зголемување на платите за здравствените работници од јануари следната година, со кое се предвидува зголемување на платите на докторите за 10 отсто, а на медицинските сестри за пет отсто.

Беговиќ Заев паркинг плати Синдикат на Клинички
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.