Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаким Неделков во Владата: Со градинките договор в четврток или петок, со МОН попладнево на нова рунда преговори

0
By Соња Крамарска on May 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 17, 2022 15:29

Социјалниот дијалог продолжува, блиску сме до конечни решенија, изјави пред малку министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, по средбата со синдикалниот лидер Јаким Неделков. „Дојдовме до приближување на ставовите. Денес разговаравме за повеќе понудени решенија од Министерството и од СОНК и ни треба дополнително време да ги усогласиме. Во текот на следните денови ќе продолжиме со дијалогот и до крајот на неделава се надевам ќе имаме конечен договор. Ни треба дополнително време да ги усогласиме предлозите на двете страни, но до четврток или петок ќе го имаме конечното решение“, рече министерката.

Синдикалниот лидер Јаким Неделков рече дека преговорите се движат во позитивен правец. „Убедени сме дека и овој проблем ќе биде решен до крајот на неделава, има добра волја од двете страни“, изјави Неделков.

Тој рече дека „привршуваат и преговорите со Министерството за образование и наука“. Следната рунда преговори ќе се одржи попладнево во 16.30 часот.

„Привршуваат и преговорите со Министерството за образование и наука, кои се одвиваат со помирувач. Тоа што беше договорено за платите во образованието ќе важи и за во детската заштита. Колективните договори ќе бидат изготвени во соодветна рамка, односно во термин за кој сме веќе блиску до утврдување. Рокот за преговори со Министерството за образование и наука завршува утре. Денеска имаме средба со нив каде што ќе ги договориме сите работи“, рече Неделков. (С.К.)

Изјави Јаким Неделков Јована Тренчевска средба штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.