Сирени за тревога и затворени раскрсници ќе има претпладне во Скопје поради заедничка вежба што ќе ја вршат припадниците н Министерството за внатрешни работи и персоналот од амбасадата на САД.

Вежбата ќе биде во рамките на амбасадата. Како што соопштија од МВР, сирените ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје, а затворањето на раскрсниците ќе направи само кус застој во сообраќајот.

„Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Американската  амбасада при преземање активности за справување со кризни ситуации“, нагласува МВР.