Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сирија: Варварство или борба против тероризмот

0
By Светлана Јовановска on September 26, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД и другите западни земји вчера, во Советот за безбедност во Обединетите Нации (ОН) ја обвинија Русија за “варварство” во Сирија додека авионите на сирискиот режим и нивните руски сојузници без прекин од петокот го бомбардираат Алепо.

Советот за безбедност одржа итна сесија на барање на САД, Велика Британија и Франција.

Овие три земји сакаат да ја сопрат авионската интервенција. Целта на Русија и Сирија е да ги урнат бунтовниците од регионот на Алепо со што Дамаск би добил поени во овој конфликт.

Американската амбасадорка во ОН Саманта Пауерс имаше остри зборови против Русија која треба да биде сојузник во дипломатските напори да се стави крај на војната во Сирија и конечно да се сопре бранот на бегалци од овој регион.

Newly appointed US Ambassador to the UN Samantha Power attends her first high-level UN Security Council as ambassador, at the United Nations headquarter in New York, August 6, 2013. AFP PHOTO/Emmanuel Dunand (Photo credit should read EMMANUEL DUNAND/AFP/Getty Images)

Саманта Пауерс

“Ова што Русија го прави и поддршката што ја дава не е борба против тероризмот туку варварство”, изјави таа отфрлајќи го главниот руски аргумент дека Москва и Дамаск се борат против тероризмот. Според неа, Москва ја користи “историската привилегија” на постојано членство во Советот за безбедност на ОН:

“Историјата нема да биде нежна со земјите од Советот за безбедност кои молчат пред ова крвопролевање”, рече таа.

Руските аргументи

vitaly_41601800

Витали Чуркин

Нејзиниот руски колега Витали Чуркин ги повтори условите на Москва и пред се неопходноста да се направи разлика помеѓу умерената опозиција и екстремистичките групи во конфликтот.

Чуркин смета дека одговорноста за блокадата врз меѓународната коалиција која ја предводат САД:

“Стотици групи беа вооружени а земјата беше неразумно бомбардирана. Во овие услови мирот е практично невозможна задача”, рече Русинот.

Но Москва не се откажува од повторно воспоставување на прекин на огнот и според амбасадорот, целата е прекин на огнот и обновување на преговорите.

Франција смета дека во Сирија се случуваат воени злострорства кои мораат да бидат казнети и ги обвини Москва и Дамаск дека продолжуваат со воени средства а мировните преговори им служат како маска.

Велика Британија најави тужба до Меѓународниот кривичен суд кој е компетентен за воени злосторства. Сепак, последниот обид во таа насока се судри со руско вето.

Пеколот на Алепо

aleppo-syria-war-white-helmets

Алепо вчера

Во Алепо деновиве бомбите паѓаа како дожд а загинале најмалку 124 лица од кои 19 деца, како што јави Сириската обсерваторија за човекови права.

Според невладините организации половина од пациентите во болниците се деца и жени.

Населението сведочи за нов тип на бомби кои предизвикуваат еден вид земјотрес и ги уриваат зградите вклучително и подрумите.

Околу 250.000 жители на квартовите во кои се наоѓаат бунтовниците повеќе не добиваат помош од надвор а од саботата повеќе немаат ни вода, тврди УНИЦЕФ.

ЕУ, САД, Франција, Германија, Италија и Велика Британија го вперија прстот кон Русија означувајќи ја како виновна на овој нов бран на насилство во Алепо и објавија соопштение во кое се вели дека “Русија треба да докаже дека е расположена и способна да преземе посебни мерки за да се спасат дипломатските напори”.

Кревкиот прекин на огнот преговаран помеѓу Вашингтон и Москва не издржа повеќе од една недела а дипломатските напори беа безуспешни.

Улогата на Турција

Во целата оваа ужасна реалност, Турција игра исто така улога. Претседателот Реџеп Таип Ердоган најави дека неговата земја е подготвена да учествува во операција што ќе ја водат САД за да се избркаат џухадистите од терористичката организација Исламска држава од нивното седиште во Рака. Ердоган има еден услов – Курдите од Сирија не треба да учествуваат во оваа операција. Овие Курди ја имаат поддршката САД.

Алепо Русија САД Сирија Совет за безбедност ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.