Сирил Рамафоса е новиот претседател на Јужна Африка по оставката на Џејкоб Зума и одобрението од Парламентот.

„Сакаме да ја исчистиме Јужна Африка за да ја направиме поатрактивна за инвеститорите“, изјави неодамна за Аманпур, новиот претседател.

Рамафоса беше еден од најблиските луѓе на Нелсон Мандела, а во политиката влезе во 70-тите години.

Важи за еден од најгласните анти-апартхејд активисти. Во последните денови на Мандела на чело на државата, тој јасно порача дека Рамафоса треба да го наследи на чело на државата.

Откако тоа не му успеа, тој се сврти кон своите бизниси со што во меѓувреме стана милионер.

„Бидете сигурни дека нема да ги разочараме луѓето“, порача Рамафоса.