Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СИРИЗА го потпиша Договорот од Преспа, „Нова демократија“ го почитува и спроведува

0
By Нова ТВ on June 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во периодот од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година до денес, Грција од левичарска доби централно – десничарска влада, но со резултат, да нема никакви особени промени во однос на нашата земја.

Како опозиција, Нова демократија не го поддржа договорот, упорно тврдеше дека е спротивен на националните интереси, најавуваше дека ќе се обиде да ги ублажи последиците, а сега, две години по потпишувањето, партијата што веќе 11 месеци е на власт,  го почитува, спроведува, а паралелно ја поддржува нашата земја на патот кон Европската унија.

Односите со Турција и случувањата на Еврос од една страна, пандемијата со Ковид-19, од друга страна, но и ставот дека Грција ги почитува договорите што како земја ги потпишала, резултираат прашањето меѓу двете соседни земји повеќе и да не е тема на дискусии кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина.

Во медиумите, како во весниците, така и на телевизиите во Грција  ретко постојат анализи или коментари за Договорот од Преспа, а решението меѓу двете земји го отвори каналот на комуникација меѓу Скопје и Атина, нешто што се покажа и за време на пандемијата.

Министрите за здравство се во комуникација, Венко Филипче во Атина се сретна со неговиот грчки колега Василис Кикиљас, а во изминатиот период постоеа и консултации во однос на отворањата на границите.

На заедничка иницијатива на шефовите на дипломатиите на двете земји минатиот месец одржаа министерска видео – конференција, за координација и унапредување на соработката на министерствата за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ во непосредна близина на овој регион, во следната фаза од справување со општествено – економските последици од пандемијата на Ковид -19.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и неговиот поранешен македонски колега Зоран Заев се сретнаа два пати, додека пак министрите за надворешни работи Никос Дендиас и Никола Димитров имаат редовна комуникација.

Лани, кога се одбележуваше една година од Преспа, Грција беше во предизборен период, а договорот не како главна тема, но сепак се најде на агендата полемики и меѓусебни обвинувања на партиите. Тогаш Нова демократија беше опозиција и претендент за власт, а решението меѓу Скопје и Атина го сметаше за штетен договор за националните интереси на земјата.

Една година подоцна, речиси како и да не се променила власта во Грција.

Ставот на официјална Атина е дека Договорот е веќе потпишан и ратификуван и нема враќање назад.

Па така, Владата на Нова демократија, со текот на времето стана еден од најголемите поддржувачи на нашата земја на патот кон ЕУ, иако предизборно споменуваше вето за европската иднина.

Кусо по француската блокада за датум за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, грчката дипломатија се активираше со иницијативи за поддршка и промоција на европската перспективата на Скопје и Тирана.

Со посетата на Скопје на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и заменикот министер за надворешни работи надлежен за економска дипломатија и екстровертност, Костас Франкојанис на 26 ноември, минатата година започнаа низата активности и иницијативи на Атина.

Непосредно пред посетата, министерот за надворешни работи на Грција, Дендиас во ексклузивна изјава за дописничката на МИА од Атина изрази цврста поддршка за европската перспектива на Северна Македонија.

-Нашата поддршка за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Унијата е дадена. Работиме на тоа и преземаме конкретни иницијативи, во консултација со сите наши партнери во ЕУ за што е можно поскоро, во таа насока, да се донесе позитивна одлука во Унијата. Секако, она што се подразбира е дека од страна на Република Северна Македонија, не треба да се намали интензитетот на напорите за усогласување со европските стандарди. Исто како што се подразбира дека од страна на Грција, ќе има цврст поддржувач во овој нејзин обид, порача Дендиас, истакнувајќи дека посетата е во „земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО“ и во земја која очекува „да биде и партнер на Грција во Европската унија во не толку далечната иднина“.

Во рамките на грчката иницијатива беше и неформалниот работен појадок на шефовите на дипломатиите од ЕУ и од Северна Македонија и Албанија на 9 декември 2019 во Брисел, како и конференцијата на високо ниво „Од Солун во Загреб“ на крајот од февруари.

Ова, наиде на реакции од опозициската СИРИЗА, кои го коментираа ставот на Нова демократија како опозиција и сега како Влада за нашето членство во НАТО.

Портпаролот на СИРИЗА, Алексис Харицис преку неговиот официјален „Твитер“ профил напиша „подобро доцна отколку никогаш“, а одговорната за меѓународни и европски прашања во политичкиот секретаријат на партијата Рања Свигу, рече дека тоа е „дефиниција за салто“.

Договор Македонија Нова демократија Преспа Сириза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.