Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите ја очекуваат средбата Заев – Ципрас

3
By Нова ТВ on January 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 23, 2018 08:44

Преговорите за името и најавената средба Заев – Ципрас во Давос се во фокусот на грчката, но и на македонската јавност.

Аналитичарите и медиумите во Грција оценуваат дека главен проблем и во двете земји ќе биде да се обезбеди внатрешна политичка поддршка. Во Грција е неизвесно дали ќе има заедничка позиција меѓу владините коалициски партнери и дали Ципрас ќе обезбеди поширока парламентарна поддршка. Во Скопје, пак, Заев се соочува со позициите на претседателот Ѓорге Иванов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и тесното парламентарно мнозинство.

Како што објави „Вима“, на средбата Ципрас – Заев во Давос се очекува да биде разгледан пакетот на Нимиц, а не е исклучено двајцата премиери на 24 јануари да излезат и со заедничко соопштение дека е направен прогрес во решавањето на прашањето за името и оти процесот ќе се води на највисоко политичко ниво.

На средбата Заев – Ципрас во Давос, како што изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, се очекува да се направи напредок во насока на изнаоѓање едно заемно прифатливо решение. На редовниот брифинг со новинарите, Ѕанакопулос рече дека сите прашања поврзани со разговорите за името и иредентизмот ќе се најдат на агендата разговори меѓу македонскиот и грчкиот премиер во среда во Давос.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас синоќа во Брисел изјави дека разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме и оти е потребно дополнително да се разработат одредени прашања за да се зборува за конкретен временски рок за решение. – Блиску сме до одредени прашања за решение. Мислам дека одредени теми за кои ќе се разговара во среда на 24 јануари во Давос, ќе покажат каде се движиме, истакна Коѕијас.

Владата на Република Македонија потврди дека работи на анализа и консултации за предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решение на прашањето за  името. –  Ќе вложиме напори за што е можно по инклузивен процес со вклученост на сите релевантни политички фактори во земјава кои се во насока на градење заеднички приод, став и стратегија, наведе Владата за МИА.

Во меѓувреме, грчката ТВ ЕРТ објави дека посредникот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц, во следните десет дена ќе ги посети Атина и Скопје. ЕРТ потсети на изјавите на Нимиц дека е оптимист оти проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци.

Македонскиот амбасадор Дарко Ангелов, пак, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА рече дека треба да го туркаме процесот за да најдеме решение, но треба, додаде, да бидеме и претпазливи зашто постојат ризици кои може да го доведат процесот во опасност.

Во услови на интензивирани контакти меѓу двете земји, во неделата во Солун се одржа собир – протест против користењето на терминот „Македонија“, на кој според полицијата учествувале 90.000 луѓе од цела Грција.

Грчките медиуми оценуваат дека ова е прв поголем собир, откако двете земји се согласиле да ги интензивираат преговорите за решавање на 25 – годишниот спор, но многу помал од митингот во 1992 година.

Од опзоцоската Нова демократија упатија критики и обвинувања до владата, а од СИРИЗА посочија дека мнозинството граѓани сакаат решение далеку од иредентизмот и национализмот.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, пак, преку соопштение оцени дека, за жал, се уште се случуваат изолирани инциденти како протестот во Солун, предизвикани од поединци и групи кои се уште живеат во минатото и во политиките на конфронтација и национална изолираност.

 

Давос Заев Ципрас преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.