Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите македонски граѓани се безбедно евакуирани од Кабул: Од Авганистан ќе згрижиме 650 цивили

0
By Sashko on August 21, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 21, 2021 09:41

На Меѓународниот аеродром во Скопје синоќа пристигнаа 30 наши државјани кои беа евакуирани од Авганистан. Според Министерството за надворешни работи (МНР), сите македонски граѓани се безбедно евакуирани и се очекува многу скоро да пристигнат дома.

Во земјава од Авганистан ќе бидат преземени 650 граѓани. Надлежните институции ги разгледуваат сите оперативни аспекти за привременото сместувањето на овие лица во хотели и мотели, до трансферот до нивните крајни дестинации како што се САД или трети земји, за што трошоците ќе бидат покриени од меѓународните организации.

Нашите граѓани кои синоќа пристигнаа во Скопје, по евакуацијата од Авганистан беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар. Од таму беа транспортирани во Истанбул, па со комерцијален лет до Меѓународниот аеродром во Скопје. Како што изјавија, тие работеле во воена база во близина на аеродромот во Кабул и биле навремено извлечени од таму прво во Доха, каде со помош на нашиот амбасадор Шабан Јашари во овој град успеале да заминат за Истанбул, а од таму во Скопје.

Во Владата вчера се одржа координативен состанок со сите вклучени чинители во хуманитарната меѓународна мисија за спасување на цивилно мирољубиво население од Авганистан.

Владата до овој момент презеде обврска за прифаќање на околу 650 граѓани, локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија, соопшти владината прес-служба по состанокот.

Како што информирал премиерот Зоран Заев последното прифатено барање за обезбедување помош за спасување и прифаќање граѓани е дадено на Меѓународната асоцијација на новинари (IFJ) за 15 новинари, медиумски работници и членови на нивните семејства, со што вкупната бројка на медиумски работници и членови на нивни семејства кои ќе бидат згрижени во нашата земја ќе достигне над 80.

Нашата држава и општество имаат и капацитети и начин на организираност и високо изразено чувство за солидарност и сите ние заедно ќе покажеме и пред демократските пријатели од Авганистан, и пред целиот свет и пред себеси дека во ваквите кризни хуманитарни ситуации не постои поинаков одговор, освен веднаш да се помогне со сите капацитети на располагање – спасуваме миротворно население кое 20 години ја негуваше демократијата во Авганистан и кои беа помош и поддршка и на нашата Армија во мировните мисии таму, рече премиерот Заев.

Од Министерството за надворешни работи (МНР) на состанокот информирале дека сите македонски граѓани се безбедно евакуирани од Авганистан и оти се очекува многу скоро да пристигнат дома, а од Министерството за внатрешни работи истакнале дека ги преземаат сите потребни активности кои се однесуваат на граничното работење, преминот на државната граница и останатите аспекти за регулирање на статусот и престојот на оваа категорија на лица во нашата држава.

Плановите за прифаќање и помош на граѓаните кои се очекува да пристигнат во следните денови ги презентирале и претставниците на Црвениот крст.

„Црвениот крст заедно со останатите меѓународни организации ќе обезбедат соодветни информации, превод и комуникација со лицата согласно нивните потреби, основни средства и пакети за хигиена, како и задоволување на сите медицински потреби на лицата во координација со Министерството за здравство, како и средства за комуникација и одржување на работните потреби на луѓето, рекреативни активности и активности за целокупна поддршка на луѓето и децата во овој период“, информираа од Владата.

Авганистан враќање Државјани Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.