Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите прислушувани разговори и оние за „Монструм“ се предадени на СЈО

1
By Нова ТВ on April 21, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев изјави дека сите прислушувани разговори се доставени до СЈО, вклучувајќи ги и оние кои се однесувале на „Монструм“. Минатата недела, еден од родителите на убиените момчиња побара премиерот да биде стражарно спороведен, за да ги достави сите материјали кои ги поседува за овој случај.

Заев денеска одговори дека доколку биде повикан за сведок, ќе ја прифати поканата и кажа дека на дел од  родителите на убиените деца им покажал транскрипти од разговорите кои биле поврзани со дел од обвинетите.

„Поради болката што ја чувствуваат родителите на починати деца, во просториите на СДСМ им покажав разговори, во кои видовме како едно од осудените лица Фејзи Азири, ѕвони и разговара со Невзат Бејта кој тогаш беше градоначалник на Гостивар и го моли за 450 евра субвенции за овци. Јас им го покажав тоа на родителите и тие ги видоа со кого разговарале и тие што сега ги викаат „скриени телефони“ и потоа сето тоа го предадов“, рече Заев.

Премиерот очекува вистината за овој случај да биде докажана на суд каде ќе бидат презентирани сите докази со кои располага Специјалното јавно обвинителство.

Рочиштето за „Монструм“ беше одложено минатата недела, откако еден од  обвинетите Фејзи Азири не дојде на судење.  Родителите на убиените деца го повикаа премиерот да ги достави сите прислушувани разговори и да се изврши претрес во просториите на СДСМ, за да се провери дали има други прислушувани разговори.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека СЈО ќе ги искористи сите човечки и технички ресурси за да се утврди вистината.

Обвинетиот Фзилу , од вчера е вратен во затворот во Штип за издржување на затворската казна за друго дело- нелегално поседување оружје, откако Кривичниот суд ја одби молбата, да му биде продолжен прекинот на издржување на казната.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден. Во трагедијата животот го загубија Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

СЈО го презеде „Монструм“ минатиот месец. Тогаш специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека очекува судскиот процес да продолжи во фаза во која е прекинат и дека се подготвени да го презентираат предметот пред Судот.

 

 

Азири Заев Монструм СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.