Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите вработени во Њујорк ќе мора да се вакцинираат до 27 декември

0
By НОВА ТВ Balaban on December 6, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 6, 2021 22:30
„Ние во Њујорк решивме да извршиме превентивен удар“, рече Де Блазио, кој си заминува од функцијата кон крајот на годината.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, најави дека сите жители на најголемиот американски град ќе мора да се вакцинираат до 27 декември,  доколку сакаат да одат на работа.

Вработените во јавниот сектор веќе мораат да бидат вакцинирани, но оваа одлука ќе се прошири и на приватниот сектор, изјави Де Блазио за MSNBC. Одлуката стапува на сила на 27 декември.

„Ние во Њујорк решивме да извршиме превентивен удар“, рече Де Блазио, кој си заминува од функцијата кон крајот на годината.

„Го имаме новиот сој омикрон како нов фактор, имаме постудено време што ќе создаде нови предизвици со варијантата делта, имаме празнични собири“, објасни тој, додавајќи дека единствениот излез од таа ситуација е обврската за вакцинација.

Тој нагласи дека Њујорк ќе биде првиот американски град кој ќе воведе обврски за вакцинација за работниците од приватниот сектор.

Задолжителните вакцини за вработените во јавниот сектор кои стапија на сила  есенва предизвикаа отпор, а дел од вработените ги напуштија своите работни места. Сепак, стапката на вакцинација се зголеми по таа одлука.

Досега во Њујорк се потврдени десет случаи на варијантата омикрон, а Де Блазио рече дека треба да се претпостави дека таа варијанта веќе се шири во заедницата.

вработени Њујорк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.