Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ситуација Сирија: Дали светот е на прагот на трета светска војна

1
By Нова ТВ on April 12, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД велат дека “сите опции се на маса”, како одговор на сомневањата за напад со хемиско оружје во Сирија пред неколку дена, додека западните лидери продолжуваат да ја разгледуваат опцијата за воена акција.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека конечната одлука за воени напади не е донесена.

-Претседателот има голем број опции на располагање и голем број остануваат на маса, рече Сандерс на вчерашниот брифинг.

-Ние не изложивме конкретни акции што планираме да ги преземеме, додаде таа.

Но, таа повтори дека САД сметаат дека Русија и Сирија се одговорни за инцидентот.

Коментарите се на линија на претходното предупредување на претседателот Доналд Трамп за Русија дека треба да се “подготви” за ракетни напади во Сирија.

Тој, исто така, го нарече сирискиот лидер “животно што убива со гас”.

-Русија вети дека ќе ги собори сите проектили отпуштени од Сирија. Подгответе се Русија, бидејќи тие  доаѓаат, ќе бидат убави и нови и “паметни”. Не би требало да бидете партнери со животно кое убива гас, кој го убива својот народ и го ужива!, напиша Трамп на Твитер.

Советот за национална безбедност на САД ќе се состане денеска, додека премиерката на Велика Британија, Тереза ​​Меј, свика на состанокот на Кабинетот.

Активистите, спасувачите и медицинските лица велат дека десетици лица загинале во градот Дума во саботата.

Но, владата на претседателот Башар ал-Асад – која добива воена поддршка од Русија – негира дека стои зад хемискиот напад.

Десетици илјади луѓе, наводно, ја напуштиле Дума преку хуманитарниот коридор.

Што е следно?

САД, Велика Британија и Франција се согласија да работат заедно и се верува дека се подготвуваат за воен напад како одговор на наводниот хемиски напад минатата сабота.

Секретарот за одбрана, Џејмс Матис, рече дека САД сé уште прават анализи за хемискиот напад, но додаде дека војската е подготвена “да обезбеди воени опции доколку така одлучи претседателот”.

Белата куќа соопшти декапретседателот не утврдил конкретен распоред за тоа кога може да се случат воени напади. Но висок извор, на уредникот на Би-Би-Си од Северна Америка, му кажал дека евентуална воена акција е можна веројатно за време на викендот.

Дали на прагот е трета светска војна?

Воениот разурнувач Доналд Кук на американската морнарица веќе е позициониран во Средоземното Море.

Во Велика Британија, извори за Би-Би-Си тврдат дека премиерката Тереза ​​Меј е подготвена да се приклучи кон воената акција во Сирија, без претходно да побара парламентарна согласност.

Францускиот претседател Емануел Макрон, наводно, ќе донесе одлука во наредните денови.

Тој рече дека секој напад ќе биде насочен кон “хемиските капацитети” на сириската Влада.

Високи американски воени извори велат дека силите на претседателот Асад веќе преместуваат некои авиони во обид да ги заштитат од напади.

“Њујорк тајмс” објави дека сириските авиони биле однесени во руска база близу Латакија на брегот на земјата и дека дел од рускиот персонал и опрема исто така биле преместени.

На страницата за следење на комерцијални летови FlightRadar24 не се забележуваат цивилни летови над Сирија.

Генералниот секретар на Обединети нациии, Антонио Гутереш изјави дека стравува оти ситуацијата во Сирија може да излезе од контрола.

– Изразив незадоволство вчера од информациите за употреба на хемиско оружје во Сирија. Јас исто така многу внимателно ја следам ситуацијата во Советот за безбедност на ОН и жалам што до сега не е постигната согласност за тоа прашање, посочи Гутереш.

Тој додаде дека разговарал со претставниците на петте постојани земји-членки на СБ за опасностите од сегашната ситуација.

– Ја потенцирав и неопходноста од се избегнува ситуацијата да излезе од контрола. Да не заборавиме, дека на крај нашите напори треба да бидат насочени кон прекин на страшните страдања на Сиријците, посочи Гутереш.

 

Британија напади Русија САД Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.