Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО бара изземање на претседателот на Врховен зошто го има во бомбите

2
By Нова ТВ on March 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство поднесе барање за изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, при одлучување за предметот „Труст“. Причината поради која СЈО бара негово изземање е бидејќи тој е опфатен во прислушуваните разговори и тоа во период тој кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд, поради што се сомнева дека е пристрасен.

„Во согласност со препораките на Европскиот суд за човекови права, непристрасноста на судот е една од основните гаранции на правото на правично судење, така што секое сомнение за пристраснот треба да биде отстрането“, соопштија од СЈО.

„Стравувањата околу непристрасноста на судијата Вангеловски се засноваат врз јавно објавениот разговор помеѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и судијата Вангеловски кој што и тогаш бил претседател на Врховен Суд, а е во врска со предметот „Глобал“. Овој разговор ја доведува во прашање непристрасноста на судијата Вангеловски да постапува по ваков тип на предмети, поради постоењето на реална опасност од неговата претходна заинтересираност за решавање на предметот во определена насока“, велат од СЈО.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски пред три дена поднесе „Барање за заштита на законитоста“ до Врховниот суд на РМ со кое бара укинување на решенијата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и на Апелацискиот суд Скопје за одредување притвор на првоосомничениот во предметот „Труст“, Сеад Кочан.

Јанева вчера го повлече барањето на Зврлевски, со образложение дека за случаите кои произлегуваат од „бомбите“ единствено е надлежно СЈО.

Бомба број 11-Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Јово Вангеловски (претседател на Врховен суд на РМ)

МЈ: Ало.
ЈВ: Како си господине министер?
МЈ: Добар, на терен Гевгелија
ЈВ: А убоо.. види вака сеа една малку итна работа, аа знаеш за… моеш да ме следиш? Да не си у гужва?
МЈ: Влегувам во кола повели…
ЈВ: Е добро. Значи за предметот Глобал..
МЈ: Добро..
ЈВ: ..има они нели водат постапка, сега е кај мене тука
МЈ: Добро…
ЈВ: аа ми прави проблем едниот од судиите затоа што на решението коешто е донесено од моја страна го нема твојот потпис…значи во списите на предметот…
МЈ: А чиј потпис има?
ЈВ: Па нема ничиј празно е, ја не знам од кои причини веројатно е таков примерокот, невозможно е да нема затоа што има печат…
МЈ: Може да го пушти некој на смс бројот на судијата..
ЈВ: Е сеа на смс ќе ти го пуштам бројчето и ако е изводливо да изорганизираш да ми пратат…
МЈ: Утре ќе ти го дам на рака ќе ти го дам
ЈВ: Ее така ама не оргинал копија, затоа што се е во копија
МЈ: Важи готово
ЈВ: И ова во копија со твој потпис, ја сеа на смс ќе ти пуштам точни бројки
МЈ: Добро чао
ЈВ: За да може да излезе, утре излегува од кај мене со како што треба…
МЈ: Готово чао.

 

Јово Вангеловски Катица Јанева Сеад Кочан СЈО; Врховен Суд Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.