Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО го бара „Монструм“, рочиштето одложено

24
By Нова ТВ on March 14, 2018 ПОЛИТИКА
Фото мкд.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 14, 2018 10:41

И покрај најавите дека денеска ќе продолжи судењето на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012, познат и како случај „Монструм“, тоа е одложено за 17 април.

Директна причина за одложувањето е недоаѓање на јавниот обвинител, но според судијата причината можеби е поради тоа што СЈО пред два дена поднело барање за преземање на предметот „Монструм“ кое вчера им било доставено.

На минатото рочиште од повторното судење за овој предмет беше прочитан обвинителниот акт, при што обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичното, со кој обвинетите се товарат за тероризам. Тој прочита само едно од обвиненијата за случајот.

Адвокатот Насер Рауфи забележа дека било прочитано првичното обвинение од 26 октомври 2012 година, но не и тоа за Сами Љута кое во претходниот судски процес беше споено со обвинителниот акт за Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири.

По забелешката на адвокатот, новиот Судечки совет составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, го прекина рочиштето и продолжението на судењето го закажа за денеска.

Четворицата обвинети за петкратното убиство кај Смилковско езеро, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири се бранат од слобода откако Врховниот суд го врати случајот на почеток.

Одбраната верува во позитивен епилог, а побара и СЈО да го презеде случајот.

„Постои опција СЈО да го преземе случајот бидејќи тоа се уште го истражува случајот, а и не е одлучено кој од обвинителите од организираниот криминал ќе го презентира, па мислам дека постои и оваа опција. Ако нема одложување од техничка природа, условно, мислам дека за четири седници ќе се затвори случајот во прв степен. Случајот наскоро ќе има епилог“, изјави адвокатот Насер Рауфи пред судењето.

Роднините на осомничените се надеваат на нивно целосно ослободување од вина. Тие веруваат дека доказите кои ги поседуваат двете обвинителства ќе ја потврдат невиноста на шесте осомничени лица.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Монструм одложено СЈО; рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.